Ана Чупеска: Денешниот датум е мрачен потсетник за денот кога македонската демократија беше подложена на брутална егзекуција.
„Црниот понеделник“ во 2012 година не беше обичен политички скандал – тоа беше моментот кога авторитаризмот на тогашната владејачка матрица конечно ја отфрли секоја демократска преправака.
Кога со полициска чизма и физичка сила беа исфрлени новинарите и пратениците од законодавниот дом, пораката беше јасна: институциите се наши, а вие сте само пречка која треба да се отстрани.
Тоа беше учебнички пример за авторитарен удар врз парламентаризмот, каде што силата на законот беше заменета со законот на силата.
Но, не смееме да бидеме наивни и да ги гледаме настаните изолирано.
Патот од овој авторитарен почеток во 2012 година водеше директно кон „Крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година.
Насилството кое беше институционализирано тој декември, само ја смени формата пет години подоцна кога толпата беше инструментализирана за физички линч.
Тоа е таа опасна и деструктивна линија: кога еднаш ќе го нормализирате авторитаризмот и ќе ги „заробите“ институциите, крајниот исход е секогаш крв и хаос.
Настаните од 24 декември беа само прелудиум за она што се случи на 27 април – две страни на истото зло кое сакаше да ја киднапира нашата иднина.
Затоа, граѓанската будност не смее да ослепи.
Демократијата се брани секој ден, со знаење, со став и со непоколеблива борба против секој обид за враќање на авторитарните рецидиви.
Никогаш да не се заборави, за никогаш да не се повтори!
Борбата продолжува!
Фејсбук ѕид на авторката



