Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со комеморации и сеќавања. Настанот останува длабока траума и симбол на нерешени прашања за безбедносните пропусти и отсуството на трајно меморијално обележје на местото на трагедијата.
На спомен-плочата со имињата на десетте загинати бранители цвеќе положија делегации на Владата, предводена од министерката за образование Весна Јанеска и министерот за спорт Борко Ристовски, претставници од Кабинетот на претседателот на државата, претставници од АРМ, како и роднини и пријатели на загинатите бранители и претставници на политички партии и здруженија.
вклучително и автобус.Ангелов појаснува деја неколку секунди подоцна врз армиската колона е отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети. Еден минибус полн со храбри припадници на армискиот резервен состав бил погоден со ракета од РПГ и почнал да гори. Во заседата кај Карпалак, Стојанче Ангелов пишува дека, маченички загинаа 10 македонски херои, припадници на резервниот армиски соста.“
Делегација на министерството за одбрана денеска положи цвеќе на Карпалак, додека пак министерот за одбрана Владо Мисајловски на фејсбук оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината.
И во Прилеп почна одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина прилепски бранители кои своите животи ги положија во одбраната на Република Македонија. Градоначалникот , Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството на татковината.
Карпалак е симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината. Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена. Наша обврска е да паметиме, да ја чуваме вистината и со најдлабока почит да го негуваме споменот на оние кои без двоумење застанаа во одбрана на Република Македонија.“ – напиша на фејсбук, градоначалникот на град Прилеп, Дејан Проданоски.
На 8. август 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин и месноста Карпалак, конвој од армиски возила и автобуси беше нападнат од заседа. Во нападот животите ги загубија десет припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, сите по потекло од Прилеп и околината. Меѓу загинатите беа Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјановски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски. Овој настан се случи само пет дена пред потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 година, што го позиционира во еден од најчувствителните периоди од воениот конфликт во државата.




