Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2026 13:36

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, додавајќи дека бројката не е конечна.

На прес-конференцијата во Министерството за образование и наука (МОН) за соопштување на резултатите од државната матура, министерката зборуваше дека се намалува бројот на средношколци и на студенти, но најдрастично е кај бројот на првачиња.

Бројот на студенти се намалува, со оглед на тоа дека сè помалку ученици имаме и во основните и во средните училишта. Оваа година бројот на ученици во средните училишта е намален, но не е драстично намален. Тие бројки не се дефинитивни оти имаме и трет уписен рок во август, но бројката во основно училиште е значително намалена и во овој процент се движиме околу надд 4.000 деца помалку од лани. ​Не е дефинитивна бројката затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени,  и се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, но е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што морам да кажам, но тоа е факт, тоа и Статистика го има објавено, некаде околу 4.900 првачиња помалку од лани до оваа година. Колку и да се запишат, уште две да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3.000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја, рече Јаневска.

За интересот за студирање, рече дека во однос на образование, не на пазар на труд, дефицитарни се математика, физика и географија, а во одредени делови од земјата станува проблем македонскиот јазик.

Тие деца ние ги стимулираме со тоа што им даваме поголеми стипендии во однос на сите останати. ​Во однос на пазарот на труд, пазарот на труд е одлично покриен со информатика, електротехника, машинство, тие се во 90 и повеќе проценти вработени. ​Имаме недостаток на работни места за дел од општествените науки. Економија е одлично покриена и тие се речиси сите вработени. Право малку послабо, но веќе станува проблем со дел од дел од педагошките, јавна администрација, политички, разни типови на науки, тука веќе вработеноста опаѓа и секоја година опаѓа. ​Затоа оваа година направивме мала рестрикција во квотите. А кога ги распишуваат факултетите конкурсите, ги распишуваат според она што им е одобрено во акредитација. Па така да речеме, според акредитацијата одобрени им се 500 студенти на некоја програма. Кога направивме анализа на секторот на пазарот на труд , утврдивме дека во овој момент не се потребни 500 студенти, туку решивме ние ќе им дозволиме 400, рече Јаневска.

 

јабевска помалку првачиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.