Пред 25 години, јуниорите Тим Кек и Кристофер Џонсон од Универзитетот Висконсин-Медисон за првпат го објавија „The Onion“ – самопрогласениот најдобар американски извор на вести, еден брилијантен, неверојатно доследен домаќин на најострата сатира во модерниот дискурс. Иако првиот наслов („Чудовиштето од Мендота Молс Медисон“) не им беше некаква класика, сепак ја постави сцената за публикации кои подоцна станаа национално богатство и основна компонента на далекусежната медиумска империја.
Како тие постигнаа пораст од локално ниво до толку голема популарност? Еве ги 10-те најинтересни приказни на „The Onion“ во 25-годишната историја:
1. „Клинтон поставува самогласки во Босна; градовите на Сјибвднз, Грзни ќе бидат првите приматели“ (декември 1995)
Пред итната сесија на Конгресот вчера, претседателот Клинтон ги најави американските планови за распоредување на над 75.000 самогласки на воено-разурнатиот регион на Босна. Распоредувањето, најголем од ваков вид во американската историја, ќе го обезбеди регионот со итно потребните букви А, Е, И, О и У кој ќе ги направат многу од босански имиња подобро изговорливи.
„Веќе шест години, имаме имиња како Игрјвслхв, Цлинхр и Глрм ужасно интерпретирани од страна на милион луѓе во целиот свет“, рече Клинтон. „Денес, САД мора конечно да застане зад тоа и да рече „Доста е“. Време е народот на Босна конечно да има некои самогласки во нивните неразбирливи зборови. САД се горди што ќе ја водат крстоносната војна во оваа благородна активност“.
*целата вест овде
2. „Врховниот суд ги издвојува правилата на Врховниот суд“ (27 јануари 1997)
Понекогаш насловот на „Onion“ кажува се…
Судијата Ентони Кенеди, во име на мнозинството, забележува дека „додека американскиот Устав гарантира рамноправност на моќта помеѓу извршната, законодавната и судската власт, секако не гарантира еднаквост на свежина, и во тој поглед, судската власт би можела да се нарече целосно-глупава“.
*целата вест овде
3. „Настојувањата во 98’ да се регрутираат хомосексуалци се приближува до целта“ (29 јули 1998)
„The Onion“ се познати за триковите според кои одреден процент од лесноверните читатели мислат дека приказните се вистински.
Портпаролите на Националната работна група за регрутирање хомосексуалци во понеделникот објави дека повеќе од 288 000 стрејт луѓе се преобразиле во припадници на хомосексуалноста од 1 јануари 1998, приближувајќи се кон целта од 350 000 преобразби во една година.
„Благодарејќи на напорите на нашите мисионери во светот, во првите седум месеци од 1998 година, речиси 300 000 хетеросексуалци се намамени во Розовиот Триаголник“, изјави заменик-директорката на НГЛРТФ Патриша Емондс. „Јасно е дека активистите за лоби на хомосексуалноста победува“.
овде
4. „Господ одговори на молитвите на едно мало парализирано момче; Не, рече Господ“ (9 декември 1998)
„Знаев дека доколку се молев доволно, Господ ќе ме ислуша“, рече радосниот Тими, опкружен со играчки испратени од христијаните од цел свет, додека седеше во инвалидска количка на која е осуден да го продолжи животот. „И сега моите молитви добија одговор. Не сум бил вака среќен уште од пред несреќата, кога можев да чекорам и да си играм како едно нормално момче со останатите деца“.
овде
5. „Буш: Нашиот голем национален кошмар за мир и благосостојба е конечно завршен“ (17 јануари 2001)
„Мои сонародници Американци, по долго време стигнавме до крајот на мрачниот период во американската историја кој е познат како ерата на Клинтон, долги 8 години окарактеризирани без преседан во економска експанзија, остар пад во криминалот и одржлив мир во странство. Дојде времето сето ова да го ставиме зад нас“, изјави Буш.
овде
6. „Незнаејќи што друго да прави, една жена направи торта со американското знаме“ (26 септември 2001)
Чувствувајќи се беспомошно по терористичките напади на 11 септември, Кристин Пирсон во понеделникот направи торта со американското знаме.
„Морав да направам нешто што ќе ме одвлече од телевизорот“, изјави Пирсон. „Сите тие луѓе…тие кутри луѓе. Не знаев што друго да правам“.
овде
7. „Остави другото, ние ќе направиме со пет жилети“ (18 февруари 2004)
Во 2004 година во „колумна“ „The Onion“ „ја подбраа“ бизарната опсесија со додавање повеќе жилети на индустријата за бричење. Уште еднаш, изданието беше побрзо; помалку од две години подоцна, „Жилет“ го промовираше својот најнов брич со пет жилети.
овде
8. „Црнецот бара промена од нацијата“ (19 март 2008)
Според сведоците, гласниот црнец и пристапи на публиката од околу 4 000 непознати во центарот на Чикаго и постојано барал промена. „Времето за промена е сега“, рече црнецот. Се проценува дека до денес, црнецот го упатил своето барање за промена до секој жител на САД.
овде
9. „Бајден топлес го миел својот тркачки автомобил на патеката во Белата куќа“ (20 април 2010)
„На ова злато му треба малку четка“, рече Бајден, додека и се обраќаше на групата туристи во моментот кога ја пикна својата испотена маичка во ременот на своите фармерки. „Морам да ја средам за да ги импресионирам девојките кога ќе возам низ Пенсилванија“.
овде
10. „Роџер Еберт ја поздрави човековата егзистенција нарекувајќи ја триумф“ (4 април 2013)
Колку што има тенденција да биде гризечка сатирата на „The Onion“, нејзините писатели се подеднакво вешти во изнаоѓање забавни, неочекувано срдечни начини за да покријат тешки теми. Случајот: Оваа убава почит кон Роџер Еберт, која ја сумира неговата кариера и животна филозофија подобро од било кој некролог.
овде