НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

3 нови песни на Дарко Лешоски

0
By Нова ТВ on March 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

” Tи шепотев : П`шшшшшшшшш.. 
ти велев : ништо освен нас двајца не е вистина ! “

Те видов тебе.
Точно ден пред нова година.
Се видовме.
Се видовме.
Се погледавме во очи.
Се раздткавме.
Ти реков трошиш пари .
Ми рече да ти како си?
Ти реков добро еве чекам некој.
Ми рече еве и јас – океј
Ми кажа знаеш дека не смееш тука да пушиш
Ти реков да и повлеков дим до во уши
Потем ја стапнав ја изгасив крвнички на плочки цигарата
Се насмеа 
Ми кажа оти сум останат истата будала
Ти реков тоа некогаш дека ти се свиѓаше
Потем ја искористив онаа стандардна пецка за да увредиш жена
Дека си здебелена.
Ти реков дека во колковите си се раширила
Ми кажа цинички знам
Потем ми рече порано дури бев со тебе бев подебела
Потем нагло ослабев и кој ме ебе потем ми кажа 
Ти реков дека беше супер ама ти после порасна
Ми кажа ми се спрема телото ваљда ми се спрема за некоја друга будала 
Потем ти реков дека ќе седнам ондека ај ако сакаш прајми друштво дур да дојде таа
Ми рече ајде баш да ја видам ме интересира.
Седнавме и нарача ти две макијата
Ми рече извини не те прашав ја онака ваљда ми останало по навика 
Ти се насмеав и ти реков дека после тебе го пиев кришем кафето да не ги секирам тие околу мене кришем внатре со мала чашица водка
Ми кажа оти тоа е гадно 
Ти реков оти таква ни беше и љубовта и разделбата
Се насмеа кисело
Поголтна 
Потем запалив цигара 
Потем ми рече уште пушиш ко Циган 
потем ти реков стој шшшшшшш
кога се направи на горната усна со пена 
потем го пуштив прстот да те избришам и ја земав во уста
и излижав 
потем се усрами и ми кажа прекини
потем ти реков извини што не го мислев 
потем ти реков ја исто ова по навика
потем се уозбили и ми кажа- ај јас ќе си одам 
потем ти реков арно и на струмички ти реков остај тука срцето, пичката и за макијатото пеес денара
потем ти кажа оти не ти е до смеа и стана 
потем ти реков 
Ти реков почекај уште секунд сега ќе и се јавам
Го земав телефонот и вртев напразно на 2922720еу0-2—с928с без префикс нула седам нула 
И ти реков не се јавува 
Ми кажа сигурно е во гужва 
Ајде Дарче ми кажа отидов јас.
Ти кажав добро и станав од столицата 
Ми кажа немој нема потреба
Потем од збунесот и навика ми утна и ја ти утнав образ.
Потем јазиците ко змиишта ни се испоплеткаа. 
Потем се се измеша
потем којзнае што стана.
Се фатив како ти ги бришам солзите.
Се фатив како те стегам дури те гушкам.
Знаев дека ќе те видам. 
Ми кажа дека и ти си знаела.
Потем шепотеше немој
Потем ти ја отпуштав косата.
Потем ми кажа колку си прошол колку си прошол тука кајшто јас бев главна
Ти реков 200 
ти реков илјада
Потем ме маваше во градите ко немоќно дете со тупаница
А јас те оставав.
Те гледав дури ја спушташ главата и ко садист и ти велев цела камасутра лепотице цела камасутра 
орал анал тројка во уста 
Цела камасутра душо моја
Со болна насмевка 
Потем те бацував во косата
Се стегаше во мене 
Се впиваше во мене ко во матка
Перницата ми ја избербати ти велев
Пшшшш ништо не е вистина освен нас двајца
Перницата ми ја направи црнила
Ми кажа да ти ја ебам перницата!
Потем 
Те мирисав 
Те шмркав по патецот ѓоа е кокаин линија
Потем се дереше ме лажеш ме лажеш 
потем ти реков не – се е вистина!
Потем ти реков ништо не е важно веќе
Потем ти реков оти умрев и сега сум наново во Македонија. 
Потем ми кажа дека имам проблеми со психата
Потем ти кажав фала да си дочекаш и на деца
Потем твојата мала рака најде од силвестер сталоне сила
Потем ми ги прибра во една рака глуждовите од рацете
И ми ја гризеше долната усна ко хиена 
Потем ме пушти и од кафезот и мене ми ја пушти душата
Се смееше блажено дури те касапи од мене ѕверката
Потем 
Плачевме ко луди.
Се смеевме исто време
Те гризев и ме гризеше за гради.
Потем правевме се што правеше Северина. 
Потем шепотеше се да вратиш!
Потем ти велев : и ти мене пичка ти материна!
Потем ми ги закачи ноктите во грб.
Потем ти ја ставив на уста дланката.
Потем ти замижа.
Потем и јас белките во очите ги превтев ко да имам напад од епилепсија.
Потем ти плачеше.
Потем јас палев цигара за цигара.
Потем те испратив.
Потем обајцата не силува тишина.
Потем им пратив пораката на фирмата за селење станот да ми го испразнат.
Потем му пратив порака на помалиот момак : Сабaјле ве чекам извини вака касно брат поздрав.
Потем на ден пред нова година јас сите пари на тоа ги потрошив.
На паркетот бели лисја и само две пенкала.
Во ќошот дрвен мал сандук со црни вина и само еден кревет во станот им реков да ми остават.
Потем дури дигаа и оставаа се наоколу празно мене ми се полнеше во душава.
Потем твојте заборавени обетки од малата наткасна јас во дланкава ги стегав.
Вечерта во слеоопчници од Ти златно сонце ми пиштеше на најгласно чалгата 
Дисторзијата испуштена до даска ми ствараше фонија.
ПОтем другиот ден се ми се измеша.
Експлодираа во мене и среќа и тага.
болните и тажни ноти ко мене и тебе 
Ко јас и ти заедно никој не ги сака
Не боли истовремено 
Ни е гајле истовремено на обајцата 
Вришти вришти таа помисла ко дисторзија од болна чалга
Корне дури лежам и ова го пишувам и неможам да ти се јавам
Корнам на пот, а не сакам твојот мирисот од моево тело да го измијам.
Со десната пишувам во левата обетките твои ги стегам.
Чинам ќе се вратиш по нив годинава.
Чинам ќе се вратиш по нив другата година.
Чинам на врата само во мантил ќе се појавиш.
Под капутот ќе носиш пролет , пуздерајка , шише вино и атомска бомба.
Ќе ми кажеш кај си бе ѕверка кај си бе фаца? Кај си бе личност године ?
Кај си бе да ти ебам мамата!
Чинам ќе ќутам. 
Чинам ќе ти се смеам. 
Чинам ќе го премолчам да не ти дигам акции
– чинам ќе го премолчам она кај си бе Љубаф?
Кај си бе Смртта…
Чинам ќе ми признаеш оти не чекаше ни ти никој.
Чинам ќе ти признаам оти и јас не чекав никоја.
Чинам ќе си признаеме оти бевме среќни обајцата.
Чинам ќе се ебеме во празна кујна.
Чинам после тоа ќе ме плеснеш по гз.
Ќе ме пратиш по зарзават за руска салата.
Чинам ќе ти кажам не се љути ако се начукам од среќа негде успат. 
Чинам ќе ми кажеш заколни се во новиот лаптопот дека ме сакаш?
Чинам ти велам прво кажи ти и речи жими тебе и жими се брат
Чинам ми велиш жими тебе жими се најмило брат
Чинам ти велам жими Леновото жими леновото ге петсо осумдесет брат
Потем ти велам ајде отидов и ја затворам вратата.
Потем чинам ми велиш чекај чекај да проверам дали од моделот е таа шифра лажов врати се одма.
Потем по скали се правам дека не те слушам.
И демек брзам.
скокам од четврта 
ПОтем во себе преку улица ти велам само ти си ми во срцево.
Потем во себе во мисли ми велиш само ти си ми во душава и гледаш немо во една плочка во кујна 
Потем ми ѕвониш на мобилен.
Потем спроти Скопјанка ме мава поднапиена жена со кола на кривината.
Потем ко фонијата од чалгата пипка полициската моторола
Смрт настапена на лице место Ск 3454 –DE zelena Kia Sephia
збори полициската службеничка
Сребрени обетки се капат во локва крв 
Во левиот џеб од мојата кошула
Се смеам.
Се смееш и ти дури ме чекаш 
Ја пробуваш пред огледало новата долна облека 
Од кај комшиите ечи Иселенички Џукокс – новогодишна емисија.
Среќна нова среќна нова среќна нова година !
По две недели од шок ти уште си во болница.
По две недели јас ќе се расправам во пеколот ко будала
Ќе го молам ѓаволот да ме пушти последен пат да се начукам и да се маскирам Вевчани за Свети Василија
Ќе му се заканам дека ќе го извикам тука на сред пекол тајното име на Љубовта
ќе се подисплаши 
Ќе му се заканам дека не е фер и ќе му се жалам на Бога оти уште не ми се поминати четириесет дена
Ќе ме прати како дух како невидливо тело со глас од писок на зурла
Потем ќе поминам двеста километри за една секунда 
Пред да дојде на посета докоторот јас ќе бидам во твојата соба 
Ќе стојам во ќошот скриен позади закачалка 
Со жар во очите 
Со лика насмеана
Потем ќе се исплашите сите 
Ќе си исплашите сите од нигде никаде телевизоро кога ќе експлодира 
Кога Ќе ја пукнам со бокс од радост плазмата во систина 
Кога ќе ти кажат оти си добро.. .оти не е од шок и психичка природа твојата болест
Ами си малце …
Малце трудна!
На сонот чудна жена оти носиш синче ти кажува
Оти носиш дете од копилето на Исус и Марија Магдалена.
Ти вели да не се секираш 
Дека ќе ме стретнеш пак. 
Дека сум само малце во пеколот под казна заради мојата поезија.
Дека сум под казна заради тоа што сета моја божествена љубов ти ја вбризгав во твоето слабо тело 
ти ја отрув крвта
Дека ќе ме сретнеш пак со исончан лик и кратка коса. 
Утрината ти даваат отпусна.
На одење до дома го молиш да застане татко ти 
палиш свеќа пред Света Петка.
Врне снег.
Топла ти е душата.
Ме носиш во себе си.
Во пеколот врани дури ми го јадат џигерот 
ти пеам љубовни песни.
Се смеам во мисли ти велам Еј се гледаме скоро – среќна ти нова .
Се смееш ми велиш ти стварно пореметен си пореметен си бе да ти ебам мајката.
Ти шепотам: пшшшшшшш 
ти велам- ништо освен нас двајца не е вистина!

Па што ако те сакам ?! Еден хотел на Бали неможам да ти купам “

Па што ако те сакам ?! Еден хотел на Бали неможам да ти купам…
еден дијамант неможам да ти купам датиебам и живот и сакање и све ! – Не те сакам! Стварно ај да раскинеме!
Колку пати до сега сум ти кажал дека те сакам, а не сум го ни помислил
Колку 
Николку
Колку пати сум ти го премолчил истото
Колку
Премногу
Оти ми било тешко за тебе
Оти тамн си собрала сили по којзнае кој пат да ми раскинеш
Оти те оставам и јас
Оти не правам ништо со сила
Оти сум господин од дете
Оти дедо ми ме раснеше по кафеани и чаршија
Оти те казнувам со тишина и љубезна насмевка
оти не пцујам пред тебе и не ти велам остани
Колку пати ми се вриштело да ти се најдам од нигде никаде во прегратки
Да ја ставам оваа глупава глава на твоите гради ко на облаци 
Веќе подолго време и јас се чувствувам бедно.
И јас мислам дека јас и ти не сме еден за друг.
Знам оти не е речено да бидеме заедно.
Се чувствувам и јас во градите сиромашно.
Неможам ни еден стан да ти купам.
Ниеден обичен стан на булеварот на цвеќето во Париз.
Се сомневам и да можам.
Се сомневам дури и да можам дека од него ти дом за двајца можеш да направиш.
Неможам ни еден обичен дијамант помочам наутро да ти ставам
Еден обичен дијамантски прстен меѓу турското во кревет и двата кроасани .
Неможам ни во очи повеќе да те гледам 
Да ти признаам наутро 
Освен да те гледам како закопчуваш прслуци 
Да те гледам и да ти повторувам ко деген ај пак ај пак ај пак ај пак со саати 
Неможам ништо во очи да ти признаам освен сето ова да ти го сокријам во моите песни измеѓу редови
Неможам ни една обична кинеска честитка со Алавјуи да ти купам од срце ама полна печатни грешки како моите песни и нечисти сексуални намери
Неможам ниедно порше 911 турбо од 2010 бе за нас двајца да си купам 
едно глупо темнозелено порше со ретко убави хромирани бандаши и специјална преграда за твоите шминки 
Со обични харман кардон златна серија звучници за цедеата од моите депресивни бендови за сабота 
за недела за излети 
Немам сила да ти кажам колку те сакам 
немам сила ни да ти ја купам љубовта 
А пишувам љубовни песни
А одвратни ми се тие два зборови
Некогаш 
Легнувам на под и вртам 
Сточетриесет префикс телефони
За помош на операции 
За донирање помош на болни
А неможам ни 60 костуми да си купам 
Ни шеесет пара чевли или пеесет шамичиња од свила за непознати мрсулави просјачиња од армани
Некогаш се запивам по кафани
На просјаците некогаш те слушам тебе и не им давам пари
А штом ме најдат насамо имам грижа на совест и им давам и по петсто денари
некогаш им ги давам и последните пари
чинам твојата љубов ја купувам 
чинам треба да ја купам од некој непознат и беден 
од некој брат или сестра во прошлиот живот слично повреден 
од некоја сила
протната преку тајни космички канали како отелотворена пареа од декемвриската магла и низ шахта од канализација
најчесто пишувам брзо и без мислење
како после пијанство кога пијам вода 
како што пцујам кога сум нервозен 
како кога се мрднувам на телефон дур не ми кренеш 
како да чекам да ми помине
потем благо се насмевам 
палам цигара 
и заборавам 
ко да си вадам крв од вена се исцрпувам 
потем пак ми паѓа на глава истата тешкотија 
ми вели ајде ајде ајде купи ја земи си ја љубовта нејзина
ти цел живот чекаш нејзино дете
оти најчесто бедно е кога неможеш од единствената што ја сакаш едно обично те сакам бе да извадиш
неможеш да и купиш еден обичен лустер од платина едни обични дијамантски за по дома бе ствари 
а толку си ефтина 
толку си глупа
толку многу ми се свиѓаш и со подочнаци и со тренерки на лакирани шпиц сандали
а толку не ми веруваш 
а толку кога не ми веруваш ми се гадиш 
потем ми паѓа на ум дека сакам моите емоции да се продадат во милиони копии
да ти ја напишам најубавата љубовна песна и рак на срце таа да лечи на глас ако се повтори 
со тивка чалгија ако се изговори насекаде низ кафеани 
пијани момци преку мобилен со нејзе срцата на нивните севди да им ги отвораат
ко со нога каубојски врати 
да се тресеш сама ко ѓавол со капутот нагрната
да се тресеш сама ко накиснат гулаб дур поминуваш покрај нив
во вакви декемвриски ноќи 
да ти иде да им ја врзеш една 
да ти иде да им ја врзеш дури се дерат пијани соблечени по маици на кратки и викаат сонце слушааааајј 
да знаеш оти се мои 
проклето само твои тие зборови
туѓата среќа како да газиш по жар
како жилети во желудник да те боли
ликот твој ангелски да ти го кисели 
очињата да ти ги затвора погано да не гледаат да ти го затвора како фалично едното око како да си лапната половина кило лимони 
фацичето дури ја слушаш таа песна да ти губи форма уроци да шири 
се што не ти биле тебе да им бидат на другите тие стихови
да поткупам луѓе 
некои сумљиви правници и нотари со тие пари
преку нив да те излажам дека си добила некое наследство од некои стари два егејци
твои роднини пребегнати преку Румунска во Бугарска па во Маџарска и оп во Бали .
Да те убедат оти само ти си им била роднина.
Оти ти си таа.
дека си добила голем хотел со високи плафони и тераси до море
со малечки ориентални сводови и оптегнати бели чаршафи покрај плетените гарнитури 
оти се надвор 
оти се е твое 
се од горе до доле.
Да отидеш.
Да земеш месец одмор и два неплатен. 
Да те пречекаат како сопственик.
Во градината да ти донесат еспресо и бело мартини
Да те плискаат во петите капки од бранови.
Околу тебе да чекорат мали бебчиња фламингоси
Да ги храниш со пире од авокадо и банани.
А катавечер очите да ми ги сонуваш
Очите мои полни омраза кон светот,
Очите мои поднасмеани,
Очите мои полни само за тебе љубов , 
За сите други надмени и арогантни
Да си викаш што бара сега овој кретенов ?
Па што му е готово е веќе со месеци 
Да ги сонуваш обично и тивко како се гасат и исчезнуваат во мракот.
Сите љубови оти се гасат така да мислиш. 
Оти не експлодираат како ѕвезди.
И сјајот во очите оти бледнее така
Се лиже како ѓон од старки. 
Потем да се будиш.
Од градината да мислиш оти се само гласови
Ехото морничаво: го губиш го губиш го губиш
Собариците да ти велат оти се само гласови за парење од ара папагали 
А едно утро да дознаеш дека сум ослепел
да дознаеш сосема случајно на Фејсбук од некојси таму сосема трет
Да дознаеш оти сум добар но ужасно сиромашен
Да дознаеш оти продавам чај и ефтина пена за бричење.
Оти продавам чај и шепотам нејасни зборови карши пазарчето спроти Буњаковец
Низ ветрецот ти дотаму мирисот од мојата душа како те милува да го осетиш 
Мирисот од чајот и 
од мојата рака дланката на твојот лев образ допирот
да посакаш да се најдеш на Петровец
Очи да затвориш. 
Ко мене да споулавиш.
Да сакаш.
Да вриснеш.
Да гориш.

Простак“

И се најдовме.
И се начекавме.
И ти ги повратив од мене сите ѕвезди 
сите ситници 
Сите мили ствари 
те погледав како што сакаш
ме погледа како да имаш да ми шепнеш некои нови стихови скриени меѓу твоите трепки и прамени
За 3 минути.
Под стреите од мојата зграда
прво изненадно на сред пешачки.
На сред семафори.
После миг ти на друго место се свести
Со јазикот.
Со мојов јазик на твоето тело и јазик како испишувам само тебе познати нови зборови.
Свети глаголи.
Несреќи
Екстази 
Њам 
њам
Копнежи 
Планови
Гадости
Се арам 
Вака ќе е 
така ќе е 
Ништо нигде
Гробови и родендени 
Трње во петици 
кокос со цреши на јазици
сништа и насмевки шарени ко кошули од хипици 
таги ко длабоки јами крилја пердуви песни и облаци 
Истиот сум. Здробен и арогантен.
Се правам дека кур ме боли
Истата си. Срозена и крената
Ко пи ар на енглеска кралица и ти со мене збориш 
И само ми се нафрлаш
Ти се нафрлам 
Се нафрламе еден на друг ко црни мачки на полна месечина врз постелата ко снег бела
Се нафралме ко црни мачки под прозори со мразулци 
на снегот се грчиме ко мачки од двајца осамени вдовци во февруари
Твоите усни синеат од моите предни заби
Моиве рамена црвенеат од твоите нокти и заби 
Ушите ми зујат ѓоа сум млад калуѓер од тебе што тера илјада ѓаволи
Ќе му закасниш.
Ќе и закаснам.
Ќе излажеш.
Ќе излажам.
Од себеси ќе ти е мака
и од себеси ќе си се гадам
на мајка ми 
на мајка ти пичката 
На крајот ќе те бацам во чело 
ќе ми побараш дим од мојата цигара.
Ќе ти се насмеам. 
Ќе легнеш на мене.
Ко на облак.
Ко на душава
Те мразам што до сега не сретнав
ме мразиш што и ти неможеш уште да пуштиш некој друг од мене да ти е поблиски 
ме одврзуваш 
те одврзувам 
првиот пат ко рак нежно и полека 
вториот пат ко шкорпија темно и со играчки
факти за сексот што си читала на интернет страна направена за 100 евра со лошо преведени ефтини статии на кафе пауза 
„Здрао драги слушатели следува Адел со Ролининдадип 
ви посакуваме пријатен викенд било да возите накај дома или некаде на викенд ви посакуваме се разбира возбудлива сабота и мирна недела„ вели некоја водителка од радио
програма
Од оние со исти гласови
си сменила стотројка дури бев да ти наполнам чаша вода во кујна 
си ставила под глава 2 перници
Знаевме што пеат
Знаеме што вокалниот интерпретатор ме разбираш, што вели
Што мисли
од деца разбиравме англиски
Се лажеме
Се лажеме оти тоа се некои други луѓе
Затвораме очи и се правиме дека не боли
Замижуваш
Замижувам
Молчиш
Ми се стегаат заби
Очите ти се затворени
Ти се тркалаат 2 солзи по обравчето ко да си ги изгубила во дното на очињата
двата циркони од твоите обетки пред 3 години
Светкаат ко стакла од скршени чаши
Светкаат изгубените кристалчиња од сваровски
Ги најде!
Ете ги !
Ми се стегаат рацете во тупаници
Замижувам се ми се враќа ко брзи слики и флешови 
тупаницата стегната ѓоа срцето внатре да е ја тиштам
лупам по ритамот 
по ѕидот од мене лево
лупам 
ѓоа гмечам зрна грозје 
ѓоа си ги гмечам жилите со нечиста крв од срцево
Лупам ѓоа на песната бас бубањот
буп буп буп буп буп 
лупам гневно ѓоа чекам да ми пукне ко орев бетонот и гипсот застанат во грлото 
ми велиш „Прекини“
ти зрачи сиот бол од мене
те стега и тебе во грлото 
те дави 
што неможам ни да те опцујам 
што неможеш ни да ме опцуеш
те боли
ти пукаат ушните тапани 
а јас лупам за инат посилно
лупам за инат ко дете кога му велиш „немој таму не оди !“
ко да ти велам Зошто зошто 
ко да ти велам викни и ти зошто опцуј ме и мене и Бога и оди си 
Ги грчам вилиците
Ти се насолзуваат очите
Знаеш што сакам да ти кажам 
и упорно те гледам дур лупам во ѕидот 
во нив
во дното
во црното
во срцето
во твоите убави зеници 
ми иде да ти вриснам боли ли ?
Боли ?
Ти иде да ми вриснеш боли бе боли прекини!
Ми иде со истава рака да поминам низ затворениве прозори 
ти иде да вриснеш до небо
Залудно чекам да ми кажеш остани
Залудно чекаш да ти кажам вистина е внучке да му веруваш на дедо
Остани!
Залудно го вративме од мртви нашето порано
И наеднаш стануваш!
Ко да има земјотрес се облекуваш 
ко да е касно
ко да е срамота
шмркаш набрзина и ти се теснат ионака малите носни дупчиња
се прибираш
во ташната набрзина го ставаш телефонот ѓерданот прслучињата 
Капутот го нагрнуваш 
We could have it all на тркалцето за глас дури го вртам и припуштам 
вратата ја трескаш и по скалите од ходникот како ехо го слушаш 
Крајот од песната во такси ја дослушуваш.
и половина година најмалце знам ни ја тебе, а ни ти мене нема да ме бараш. 
We could have it all ечи во тебе уште дури на таксистот му плаќаш
Me мразиш
Те мразам.
Ја мразиме обајцата ни крива ни дужна оваа простакуша.
Оваа гица прасица ова копиле Адел.
Ја мразиме ни крива ни дужна оваа симпатична пејачка денеска
Се мразиме и самите секој посебно во интервали.
Се мразиме кришно и тивко дур врискаат во нас бесови во канони терци и 8 октави.
Оти си напраивме беспотреба проблеми
оти ти реков ај да пиеме кафе 
а ти ми рече ајде имам саат време важи 
оти си отворивме стари гробови во гради.
Оти од деца разбиравме англиски
Оти знаевме што пее
Знаевме што вели
Што мисли
оти почна да пее кога најмалку има за тоа потреба
и почна да ни се враќа се во исто време како лоша успомена
оти се лажевме оти тоа се на некои други луѓе им се случува
оти затвораме очи и се правиме дека не боли сега
И бркаме работи.
И се ни е измешано.
се ни е измешано како овие редови
И ја.
И ти 
И Адел.
И срцата наши проклети. 
И овие од радио.
И јуни и ноември.
И да не мислиш шопинг попуст 
И ја не мислам купи Вигор гратис Бадел
Сите ајвани!
Оти си глупа.
Оти сум глуп.
Оти место линија направивме круг
Оти ни ти не си остави
оти ни јас не си оставив ништо мило 
оти и тебе ти текнува некогаш намерно кога го заглавивме лифтот 
оти дејза фајр 
оти буп буп буп уште ни лупа срцето
Оти пуштивме внатре нешто посилно 
оти Буп буп буп буп буп буп 
Оти никаква смисла ништо нема.
И крај нема.
Те корне.
Ме гори.
оти уште понекогаш во сабота кога сум послободен ги усклучувам сите телефони
и купувам еден куп ефтини комплети со стаклени чаши.
оти сите слики што неможев да ги фрлам ги закачив во подрум по ѕидови
Оти некои од нив од продавачите ме научија.
Оти мислат дека држам некоја биртија.
Купувам еден куп чаши со парите што треба да излезам , да ти купувам за тебе поклони, за друг пелени или за мене да купувам облека
Ставам на уво слушалици и на најгласно од телефонот пуштам музика.
На очите наочари.
Ја соблекувам маицата.
Потем ги фрлам чашите во ѕидот.
Го фрлам ко буп буп буп брзо и наизменично 
Стаклата од тулите ко дијаманти се одбиваат
и прскаат на сите страни магично
по телото по рамењата и ребрата ко твоите нокти таман колку да пецнат, а да не направат лузна ми прават црвени траги и не боли! 
Внатре помалку боли!
Стотици искршени стакла чувам во подрумот.
Тешко крадци со еспадрили и тенки ѓонови.
Зошто? -Оти е поефтино!
Оти така е поефтино
и од твоите ,
а и од моите солзи.

Дарко Лешоски е роден на 4 јули 1984 година. Од Вевчани е. Живее и работи во Скопје. Повеќе места ги смета за своја „дома“. Моментално работи како лице за односи со јавноста на проект на УСАИД. Претходно работел многу различни работи. Правел добри и лоши работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.