Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

3-ти октомври – триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

0
By Zoran Ivanov on October 3, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 3, 2025 11:24

Истрагата утврди дека атентатот бил подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка што се води против непознат сторител сè уште е отворена.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.

На местото на експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Ристо Христоманов, а беа повредени и граѓаните Климе Коробар и Јован Атанасовски.

И по три децении од обидот за атентат врз првиот македонски претседател Киро Глигоров, атентаторот не е откриен.

На 3. октомври 1995 година Глиогоров беше тешко повреден од експлозијата предизвикана од подметнат експлозив во паркиран автомобил.

Истрагата утврди дека атентатот бил подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка што се води против непознат сторител сè уште е отворена.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба. Во 9:50 часот во тој октомвриски ден, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје, Глигоров со службено возило се движеше кон работното место во Собранието. Во автомобил „Ситроен – ами 8“ беа ставеени 20 килограми експлозив активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот го забавило едно возило, автомобил „Фиќо“.

Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата.

Иако истрагата на МВР беше обемна, а се водеше под името „Автомобил“ и во која беа вклучени безбедносните служби на САД, на Германија и на Велика Британија ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров не беа откриени.

Во 1995 година, неколку месеци по атентатот, како еден од можните атентатори разузнавачката служба ја посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија.

Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски како нарачатели ги посочи бугарската „Мултигруп“, југословенската служба „КОС“ и т.н. „Братиславска врска“, но сè уште не се пронајдени цврсти докази околу нивната вмешаност во атентатот. Подоцна, водството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дојде во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

За драматичните настани на 3. октомври, како и за деновите потоа, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, која беше промовирана во 2002 година.

За голем број политичари, експерти и политиколози, обидот за атентат врз тогашниот претседател на Македонија е најважниот настан во поновата историја на државата.

Киро Глигоров почина на 1. јануари 2012 година на 94 години.

 

30 години атентат глигоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.