Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

0
By Zoran Ivanov on January 29, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 29, 2026 12:39

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со кој бара да не го потпише указот на  Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во кој стои:

Почитувана Претседателке,

Платформата за борба против корупција Ви се обраќа со почит и со чувство на висока одговорност, имајќи ја предвид Вашата уставна улога како гарант на владеењето на правото и уставноста на законите.
Платформата за борба против корупција за усвоениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик за овие прашања веќе јавно реагираше и во повеќе наврати ги искажа своите ставови и аргументи, вклучително и на јавната расправа во Собранието, како и преку официјални дописи доставени до надлежните институции. По внимателна анализа на усвоениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сметаме дека постојат сериозни и основани причини поради кои Ве повикуваме да не го потпишете указот за прогласување на законот и да го искористите Вашето уставно право на вето.

Иако ја поздравуваме потребата од интервенција во Кривичниот законик, особено по измените од 2023 година, усвоените решенија, наместо да обезбедат правна стабилизација во преодниот период до донесување на целосно нов КЗ, создаваат дополнителна правна несигурност, и ризик од институционална конфузија и натамошно уназадување во борбата со високата корупција.

Особено укажуваме на следниве прашања од суштинско значење:

Со измените на кривичните дела за злоупотреба на службена положба и несовесно работење (членови 353 и 353-в) се предвидуваат пониски максимални казни во однос на состојбата пред 2023 година, што директно влијае врз казнената политика и врз роковите за застарување на кривичното гонење за тешки облици на корупција и злоупотреба на јавната функција.

Заштитата на јавните средства во ставот 5 од членот 353 се сведува претежно на злоупотребите во постапките за јавни набавки, и тоа само на еден сегмент од истите, без да се обезбеди сеопфатна кривичноправна заштита од злоупотреба на средствата од државниот буџет, локалната самоуправа и јавните фондови преку други механизми.
Кај кривичното дело несовесно работење во службата, се укинува јасната инкриминација на несовесно постапување на службени лица во органите на државната управа, што во пракса претставуваше клучна алатка за заштита на правата на граѓаните во управните постапки.

Предложените решенија за проширената конфискација концептуално и процесно ги мешаат различните модели на конфискација, што е во судир со Законот за кривичната постапка и со меѓународните стандарди, и отвора ризик од нејасна и нееднаква примена, како и од повреди на правната сигурност и презумпцијата на невиност.

Дополнителна загриженост претставува и фактот што измените кои се однесуваат на борбата против корупцијата се носат во ист законски пакет со одредби за усогласување со Истанбулската конвенција и зајакнување на заштитата на жените и жртвите од семејно и родово базирано насилство.

Иако овие измени се неопходни и заслужуваат недвосмислена поддршка, нивното комбинирање со суштински и контроверзни промени во антикорупциското кривично законодавство ја отежнува стручната и јавната расправа и создава ризик важните прашања поврзани со корупцијата да не бидат соодветно разгледани во нивниот целосен опсег.

Воедно, сметаме дека начинот на донесување на овие измени, без соодветни јавни консултации и без систематско вклучување на јавните обвинители и судиите, не соодветствува на чувствителноста и значењето на материјата која се уредува.

Почитувана Претседателке,
Имајќи ја предвид Вашата академска и професионална посветеност на уставното право и владеењето на правото, веруваме дека ќе ги земете предвид овие аргументи и ќе го искористите Вашето уставно овластување да го вратите законот на повторно разгледување во Собранието. Таквиот чекор би овозможил суштинска доработка на спорните решенија и би спречил долгорочни негативни последици врз борбата против корупцијата и правната сигурност.

 

апел Корупција Платформа Сиљановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.