Спасувачите денес пронајдоа над 30 лица со «срцев удар» кај вулканот Онтаке на 3.067 метри надморска височина кој влезе во ерупција во саботата.
Спасувачите велат дека станува збор за «срцев удар» за да означат жртва која не покажува витални знаци но, според јапонските правила, мора да се чека потврда од властите за да се прогласи некој за мртов.
«Потврдуваме дека повеќе од 30 лица се наоѓаат во ситуацијата на срцев удар кои беа пронајдени блиску до врвот», изјавил портпарол на префектурата на Нагано.
Околу 550 војници, полицајци и пожарникари учествуваат во спасувачката акција за помош на десетиците планинари кои беа блокирани од вулканот. Околу 300 од планинарите се доближувале до врвот кога вулканот Онтаке влегов во ерупција фрлајќи околу себе пепел, камења и пареа. Најголемиот дел од планинарите успеал да избега но сепак околу 50тина од нив не можеле да слезат и ноќта ја поминале на планината.