Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

0
By Zoran Ivanov on January 24, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 24, 2026 22:36

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на обраќањето на денешниот 31 Конгрес на партијата, ја обвини власта како што рече,  дека „ја турнала Македонија во дипломатска изолација“. Според него, политиката која се води ја врзува Македонија за антиевропски и проруски центри на моќ, со сериозни последици по иднината и безбедноста на државата.

Македонија е во дипломатска изолација. Европскиот пат е блокиран а тие немаат план. Европа не отпиша, Америка не нè запишува. Наместо во периметарот на САД со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа. Вакво дипломатско лудило и конфузија не се оправдува. Ова е предавство на националните интереси.

Вакво предавство ќе паметат многу следни генерации. Нивниот единствен план е да не држат во калта на Балканот за да можат да владеат без правила, без европски судови, без контрола. Кога беше СДСМ на власт, како велеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се сеќавате?

Сме биле „потчинети на Европа“. Тој ќе ја враќаше гордоста. И што добивме? Добивме влада која е целосно потчинета, уценета и купена со кеш и проекти од Вучиќ и Орбан. Ја сведоа државата на последната дупка на Балканот со премиер кој не смее потпис да стави на ниедна одлука без одобрување од неговите газди.

Па кажете ми, кој вистински нема кичма како што љуби Христијан да каже? Оние кои носеа државнички одлуки за европска Македонија или оние кои станаа подизведувачи на авторитарните влади на Балканот, рече Филипче.

Тој зборуваше дека „прво е откриена  оската со Србија и Унгарија“.

Сојузот со Орбан и Вучиќ каде што се застапуваат антиевропски и поддржуваат проруски ставови што не доведоа до тоа да сме до листата на Америка со земји од третиот свет.

Второ, намерно поради внатрешна кампања ги продлабочија врските со десничарските антиевропски лидери и се покренаа спорови со нашите соседи, ризикувајќи ја европската интеграција за домашна моќ и пари.

Трето, таа оска ги штити интересите на Москва, на Балканот со инвестиции што не врзуваат за авторитарните режими. Ова е предавство на националните интереси. Вакво предавство ќе памтат многу следни генерации.“, порача Филипче.

На Конгресот во работниот дел затворен за јавноста усвоен беше извештајот за локалните избори што се одржаа минатата година, а поддршка добија и телата и органите на партијата.

Филипче по завршувањето на Конгресот додаде дека од аспект на дискусија, од аспект на предлози, совети, забелешки, критики, од аспект на пофалби, Конгресот бил многу успешен.

„Имавме одлична дебата, многу дискутанти и секој и сечие мислење беше конструктивно, добронамерно. И критиките и пофалбите“, рече Филипче.

 

СДСМ филипќе конгрес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

„Сапорт Кочани“ – по трет пат донации за семејствата на загинатите во „Пулс“

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.