Бранко Тричковски: Знаев јас дека со болни колена Мицко не оди во Америка со толкава делегација да си купат нови ајфони, туку да обезбедат поддршка за националните интереси на Македонија. И како резултат на тоа Трамп сношти му акна на Лесото 50 осто царини, на Мадагаскар 47, а на Виетнам, да речеме, 46 приценти, додека, благодарејки на натчовечките напори на Мицко&Ко, ние ќе плаќаме само 33 осто, четири проценти помалку од Србија. Бугарија, Грција и сите членки на Европската унија кај што Мицко не не пушта, ќе плаќаат по 20 отсто, а Албанија и Косово 10 отсто. Да направевме конфедерација со нив сега ќе плаќавме три ипол пати помалку. А и со Бугарите ќе поминевме подобро. Само српскиот свет дефинитивно не го бива и покрај толку зградурини, со се генералштабот, што им ги дадоа на Американците. Лепота. Треба да бидеме среќни што со високото ниво на царини сме вклучени во проектот нашиот стратегиски партнер да го направиме грејт агеин. Уште ако како реципрочна мерка вмро ги укине царините за американската стока и услуги, Америка има да ја направиме не грејт агеин, туку ептен грејт агеин.
Од ФБ ѕидот на авторот