Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерт „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ во изведба на Оркестарот на Филхармонијата

0
By Ivana on April 7, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.

На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.

Рускиот композитор Сергеј Рахмањинов (1873-1943) пишувал исклучително романтична музика, иако живел и создавал до средината на 20 век. Тој продолжил таму кај што застана Чајковски, збогатувајќи го мелодискиот идиом, типичен за музиката на 19 век со индивидуализам и препознатливост.

Она што го прави препознатливо делото „Концертот бр.3“ е фактот дека не е напишано во типично романтичарски рамки во кои солистот е „главна ѕверка“, туку има похуман музички контекст во кој солистот свири флексибилно, посветено и заедно со секој музичар во оркестарот учествува во создавањето на музичкото дело.

Рахмањинов посебно го почитувал Симфонискиот оркестар на Филаделфија и неговиот музички директор Јуџин Орманди. Како пијанист со него настапувал повеќе пати, а како композитор исклучително го ценел квалитетот на овој симфониски оркестар. Кога започнал да работи на „Симфониските танци“ освен што на ум го имал овој оркестар, воедно мислел и на тоа дека овој ансамбл премиерно ќе го изведе ова дело. Инаку ова не е единствено дело кое Рахмањинов го напишал за оркестарот од Филаделфија – тука се и „Рапсодија на тема од Паганини“ и Концертот за пијано и оркестар број 4 кои исто така првпат се изведени токму од овој ансамбл. Светската премиера на „Симфониските танци“ се случила на 3 јануари 1941 година и тие всушност биле последна композиција на Рахмањинов, кој починал две години откако ги завршил.

Дино Имери (1990) е еден од седумте најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. Има настапувано во Италија, Франција, како и во некои земји од Балканот. Настапувал во придружба на Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиска филхармонија, Македонска филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ – Скопје, Оркестарот на Националната опера и балет. Соработувал со еминентни уметници меѓу кои диригентите Јосеп Висент, Најден Тодоров, Емил Табаков, Саша Николовски – Ѓумар, Дијана Имери Илкоска, Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, Кире Костов, Ле Фи Фи, Бисера Чадловска, потоа пејачи и инструменталисти како Игор и Ана Дурловски, Благој Нацоски, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов, Луиџи Скифано, Бојан Илкоски, Влатко Стефановски, Ади Имери, Стојан и Нинослав Димови, актерката Симона Спировска, балерина и кореограф Ивана Коцевска и др.

Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои награда „Виртуози“ за млад музички уметник, „св. Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат на Фондација „Томислав Зографски“, Златна Буба мара на популарноста, ранг во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européen de piano – Normandie.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …).

Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.

Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент Вања Ѓумар Николовски директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката.

Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум.

Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи, низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога во неговиот опус игра ритмичката компонента.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.