Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали сме подготвени да ја платиме цената ако образованието не стане национален приоритет?

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Патриција Ди Џовани
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Меѓународниот ден на образованието, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани истакна зошто се потребни надпартиски заложби за реформи на образвонаието во земјата.

 „Квалитетното образование е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат на пазарот на трудот и да придонесат кон подобар економски развоја. Исто така, образованието помага да се намалат нееднаквостите и сиромаштијата преку подобрување на можностите за работа и зголемување на приходите.“, изјави Патриција ДиЏовани

„Резултатите од последното тестирање во рамки на Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА 2022) кои укажуваат на проблеми во резултатите од учењето кај учениците,  алармираат дека структурните реформи во образованието треба да станат национален натпартиски приоритет. Подеталната анализа на резултатите посочува зошто е потребно целото општество да ги поддржи реформите во образованието, како и на високата цена што ќе ја платиме доколку ништо не се преземе.“, истакна претатвничката на УНИЦЕФ

Севкупните постигнувања на учениците се многу ниски и се намалени меѓу 2018 и 2022 година. Само еден од тројца ученици на возраст од 15 години постигнал минимално ниво на знаење по математика (ниво 2 од 6), што значи дека двајца од тројца ученици не успеале да протолкуваат и препознаат, без директни инструкции, како едноставна ситуација може математички да се претстави. Резултатите по читање се уште позагрижувачки, при што само еден од четворица ученици постигнува минимално знаење.

За да се зајакне економијата, потребна е квалификувана и компетентна работна сила. Меѓутоа, во нашата држава процентот на ученици кои го постигнале највисокото ниво е значително понизок од просекот во ОЕЦД- само еден процент од учениците имаат највисоки достигнувања по математиката, достигнувајќи ниво 5 или 6 (во споредба со просекот во ОЕЦД од 9%), додека речиси никој нема највисоки достигнувања по читање и наука (во споредба со просекот во ОЕЦД од 7% во двете области). Доколку таквата состојба не се надмине, земјата и понатаму ќе заостанува во развојот на човечкиот капитал и конкурентноста.

Образованието има потенцијал да ги извлече луѓето од сиромаштија, но резултатите од ПИСА посочуваат на нееднаквости во системот. Во Северна Македонија, учениците кои се во многу добра социо-економска состојба имаат далеку подобри постигања од учениците кои се социо-економски најобесправени и тоа за дури 76 поени по математика. Ако не се надминат овие нееднаквости, системот ќе ги продлабочи и со тоа ќе придонесе кон уште поголема сиромаштија и недостаток на можности.

Северна Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, се соочува со емиграција на млади, образовани и квалификувани луѓе и резултатите покажуваат дека овој тренд најверојатно ќе продолжи, бидејќи задоволството на учениците од животот е значително намалено. Помеѓу 2018 и 2022 година, двојно е зголемена стапката на ученици кои се изјасниле дека не се задоволни од својот живот, од 7% во 2018 година, на 14% во 2022 година.

„Сепак, оптимистички е тоа што Северна Македонија е над просекот на ОЕЦД за прашања поврзани со чувството на припадност на учениците во училиште. Во 2022 година, 85% од учениците во Северна Македонија се изјасниле дека лесно се спријателуваат на училиште, а 86% имаат чувство на припадност во училиштето (во споредба со просекот во ОЕЦД од 76% и 75%, соодветно). Таквото споделено чувство на припадност треба да се искористи и да им се обезбеди квалитетна настава на учениците и стимулирачка училишна средина, за да можат да ги развиваат своите интереси, да се стекнат со повеќе знаења и компетенции, а со тоа да си обезбедат подобар живот.“, доаде Патриција ДиЏовани.

„Училиштата, исто така, треба да им овозможат на учениците да стекнат широк спектар на дополнителни вештини, како што се справување со емоциите, преговарање, решавање проблеми, емпатија и комуникација. Овие вештини им помагаат на учениците подобро да учат, да бидат глобални граѓани, оспособени да се справат со личните, социјалните, академските и економските предизвици, истовремено помагајќи им и на младите луѓе кои се справуваат со тешкотии да се справат со предизвиците и да изградат отпорност.“, рече таа.

За да се подобрат овие резултати и квалитетното инклузивно образование да стане реалност за сите деца, политичките лидери и носителите на одлуки треба да се согласат дека навистина е потребно да се зголемени јавното финансирање и инвестициите во образованието на сите нивоа, вклучително и во предучилишното образование, истовремено обезбедувајќи ефикасна и правична распределба на ресурсите за општините и училиштата. Образовниот систем треба да има доволно финансии за да им овозможи на училиштата да ги достигнат националните образовни стандарди и да го олеснат пристапот и инклузијата на најранливите деца, вклучувајќи ги и оние со попреченост, од етничките малцинства и од посиромашните домаќинства.“, истакна претставничката на УНИЦЕФ.

Меѓународен ден на образованието УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.