Од направени 2.290 тестови регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по грдаови е следна во Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни во случајот 150, регистрирани се 27 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица 4, кај сите се регистрирани коморбидитети, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи изнесува 1.111.