Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што е луксуз?

0
By Zoran Ivanov on April 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо да ја наведнеме главата поради овој податок и да се засрамиме, ние измислуваме нови методи за да докажеме дека народот е сит, а сè друго, освен сувата корка леб, е луксуз. Освен тоа, власта од нормална употреба го исфрли овошјето што не е сезонско, демек сезонското овошје не е луксуз, а заборава дека за македонските граѓани и лубеницата стана луксуз, па и доматите и краставиците и сè друго!

 Бране Стефановски

За да се убедат граѓаните дека добро живеат и дека не треба да бараат „преку леб погача“, од списокот се бришат основните потреби за храна и за одмор и се ставаат во категоријата „луксуз“. Но, луксузот е многу релативна работа.

Оценката за тоа што е луксуз зависи од перспективата на гледање. Се разбира дека за тие што гледаат од жабја перспектива луксуз е да имаш велосипед, а за кола и да не правиме муабет. Од таа жабја перспектива гледавме во годините по крајот на Втората светска војна, кога економијата имаше високи показатели за раст, карактеристични за неразвиените земји, но чувството беше дека – напредуваме. Перспективата на гледање се подиспегла во годините кога БДП по глава на жител достигна релативна еднаквост, значи помали социјални разлики и непобитниот факт дека тогаш се јадеше подобро (Балашевиќ: „Ал се некад добро јело!“), храната беше евтина, скапа беше облеката. Во текот на последниве 33 години таа перспектива на гледање драстично се подели на два дела, повеќето жители се вратија во жабјата позиција, а некои се вивнаа и животот во Македонија го гледаат, не од птичја, туку од орловска перспектива.

За првите сè е луксуз, за вториве, Америка е ситница. Вториве изгледа немаат поим што се случува „долу“, до нив не допираат статистичките податоци и коефициенти што се однесуваат на сиромаштијата.
За просечна Европа, пак, сè што е за македонските граѓани луксуз, таму е редовна и секојдневна работа, потреба или навика.

А порано, во споредба со тогашниот европски Исток беше обратно. Кон крајот на седумдесеттите, со еден колега, во еден град во Полска, баравме нешто да каснеме, немаше ниеден ресторан, ниту киоск за брза храна. Наидовме на една мала продавница пред која се чекаше во огромен ред. Видовме дека луѓето чекаат да купат домати. Купуваа по еден до два домата. Кога дојдовме на ред, побаравме од продавачот еден килограм. Од луѓето зад нас прво се слушна џагор на чудење, а потоа и реакции со негодување, од кој можевме да сфатиме дека сме арогантни или дека тоа е големо количество, со неизвесност – дали ќе остане за нив. Тогаш доматот за тамошните граѓани беше луксуз.

Најновите апокалиптични бранови и ветрови што дуваат последниве четири-пет години донесоа навистина и објективни тешкотии да се раководи со економијата. Сепак, цените во светот во просек се намалија и инфлацијата се стабилизира. Кај нас се преземаат некакви мерки што не покажуваат резултати и граѓаните во сите анкети се жалат дека не можат да го дотуркаат месецот до крај.

Трошоците на живот во март 2025 година, во споредба со ланскиот март, бележат зголемување од 2,7 %, а цените на мало раст од 2,2 %.

Инфлацијата, пак, мерена преку индексот на трошоците на живот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е помала за 1,3 % (Државен завод за статистика).

За да се прикаже дека на граѓаните им се доволни тие средства со кои располагаат, значи да се демантираат граѓаните дека лошо живеат, владата се впушта во пресметка на потрошувачката кошничка, но не за четиричлено туку за тричлено семејство. Со тоа власта воведуваа своја „методологија“ на пресметување, така како што ѝ одговара.

Од пред четири-пет години Државниот завод за статистика (ДЗС) не ја прави пресметката за цената на потрошувачката кошничка и за нејзината содржина, туку тоа премина во рацете на синдикатите. Според таа компетенција, неодамна синдикатот објави дека цената на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство за февруари чинела 63.773 денари.

Така е и во Европа: „синдикалната кошничка“ што ја применуваат најголем дел од земјите, треба да покаже што му е потребно на едно четиричлено семејство за нормален живот и цената на продуктите што влегуваат во неа (најпростата дефиниција за нормален живот: „не значи луксуз, но не значи и преживување“).

Вистина е дека последниот попис покажува дека кај нас просечното домаќинство е сведено на тричлено. Просекот е намален поради неверојатното иселување во странство. Тоа значи дека во најголем број од семејствата се има иселено барем по еден млад член.

Наместо да ја наведнеме главата поради овој податок и да се засрамиме, ние измислуваме нови методи за да докажеме дека народот е сит, а сè друго, освен сувата корка леб, е луксуз. Освен тоа, власта од нормална употреба го исфрли овошјето што не е сезонско, демек сезонското овошје не е луксуз, а заборава дека за македонските граѓани и лубеницата стана луксуз, па и доматите и краставиците и сè друго!

Владата во својата мудра домаќинска политика во графата „луксуз“ го стави и летувањето во странство. Ако за граѓаните на Европа, крстарењето по светот се подразбира како неопходна активност за полнење на батериите, кај нас човек треба да се чувствува непријатно ако ја премине државната граница, тој е веќе означен како човек што се луксузира.

Така, една по една потреба, во иднина, ако вака продолжат да се развиваат работите, нашите власти ќе ја намалуваат во списокот на потреби, па на крај, за луксуз ќе почнат да се сметаат и најосновните потреби, на пример, да се има пристојно ВЦ дома (и така само 18 проценти од територијата на Македонија се покриени со канализација), да се употребува тоалет-хартија, па потоа да се мијат забите итн.

Наместо да ги преземе сите мерки за да го подигне животниот стандард на граѓаните, власта демагошки, наводно методолошки, сака да нè убеди во сопствениот неуспех во водењето на економската политика, продолжувајќи го во недоглед чекањето дека еден ден ќе ни се врати гордоста, чиј финансиски еквивалент се месечните примања.
Ако не, жабјата перспектива останува ракурс на гледање за најголемиот број граѓани на земјава.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

бране стефановски економија колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.