Заминувањето на Сталин го намали притисокот за поголема интеграција со Западот, а Тито сфати дека неговата внатрешна и надворешна политика се подеднакво оддалечени од двата блока. Барајќи на друго место за истомисленици, тој ги најде кај лидерите на земјите во развој. Преговорите со Египет и Индија во јуни 1956 година доведоа до поблиска соработка меѓу државите кои не беа вклучени во конфликтот Исток-Запад.Од неангажманот се разви концептот на активно неврзување – односно промоција на алтернативи на блок-политиката наспроти обичната неутралност. Првиот состанок на неврзаните држави се одржа во Белград под покровителство на Тито во 1961 година. Линк