Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителката за „Адитив“: Ќе докажеме злосторничко здружување и перење пари

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“, поради основано сомнение за злосторничко здружување и перење пари. Јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова денеска изјави дека располагаат со доволно материјални и вербални докази кои ќе ја докажат вината на обвинетите. Во однос на фактот шро во случајот има обвинето цели семејства, рече дека е бидејќи преку нивните сметки или фирми се вршеле фиктивни трансакции, а за истрагата за претседателката на ДКСК, Татјана Димириевска, кажа дека е во тек и обвинителството анализира голем број електронски податоци.

По завршување на првото рочиште од судењето кое се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова изјави дека обвинителството ќе ја докаже морална распаднатост на системот на управување на АД ЕСМ во времето кога обвинетите ги вршеле своите службени должности и рече дека се надеваат не само на осудителна пресуда, туку и пресуда со која ќе се изврши конфискација на имотот.

Ќе докажеме дека во секој еден дел од обвинението дека обвинетите се организирале во злосторничко здружување со цел вршење на кривичните дела кои се однесуваат на перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителството располага со голем број на материјални и вербални докази кои што ќе бидат изведени во текот на оваа постапка и Обвинителството е убедено дека ќе го докажеме секој еден сегмент кој стои на товар на обвинетите и се надеваме дека по изведување на приложените докази судот ќе донесе не само осудителна пресуда, туку и пресуда со која ќе се изврши конфискација на имотот за кој обвинителството уште пред донесување на наредбата за истражна постапка побара замрзнување на овие имоти како не би можеле обвинетите да располагаат со истите, а во исто време како државата би била намирена за своето оштетно побарување кое се движи во стотици милиони денари штета, рече таа.

Во однос на барањето да се суди во отсуство на поранешниот директор Васко Ковачевски, таа одговори дека тоа е бидејќи постојат особено важни причини за тоа.

Согласно закон, кога некој од обвинетите е недостапен за органите на прогонот а постојат особено важни причини да се суди во отсуство, а тие во овој случај се големиот број на обвинети лица против кои е определена најстрогата мерка за обезбедување присуство, а секако, имајќи предвид дека обвинителството располага со доволно материјални и вербални докази за докажување на вината, и секако, како не би се одолговлекувала постапката токму поради отсуство на овој обвинет, ние предложивме да се суди во отсуство, појасни Поп Трајкова.

Дополни дека против овој обвинет, и во оваа постапка, и во уште една постапка што се води во ОЈОГОКК, се распишани и национални и меѓународни потерници и по пронаоѓање на истиот, како што рече „се надеваме дека од страна на органите на МВР во соработка со своите странски партнери за истиот ќе биде побарана екстрадиција“.

За фактот што во случајот има обвинети цели семејства, таа рече дека е поради тоа што преку нивните сметки или преку правните лица кои што ги поседувале во нивна сопственост се вршени фиктивни трансакции.

Секој за кого обвинителството смета дека има доволно докази за сторено кривично дело, му е местото на обвинителната клупа, без оглед на неговата возраст. Дел од семејствата на обвинетите, кои што и самите се обвинети бидејќи биле свесни за дејствијата кои што ги преземале, со обвинителниот акт се обвинети за кривичното дело перење пари, што значи, преку нивните сметки или преку правните лица кои што ги поседувале во нивна сопственост се вршени фиктивни трансакции заради прикривање на потеклото на противправно стекнатиот имот. За друг дел од членови на семејствата, самите членови на семејствата, како сопственици или управители, учествувале во изигрување на постапката за добивање на постапката за јавна набавка на средството адитив, образложи обвинителката.

За истрагата поврзана со претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитроевска, обвинителката нагласи дека „истрагата е во тек“ и дека „се работи за голем број на електронски податоци“.

Истрагата е во тек, јавноста е запознаена дека од неа е одземен мобилен телефон. Податоците од истиот се екстрахирани. Се работи за голем број на електронски податоци и во оваа фаза на постапката истите се анализираат, паралелно, со делот на веќе анализираните податоци обвинителството презема и соодветни дејствија. Во овој момент толку можам да споделам по однос на ова и ќе ви заблагодарам ако имате трпение, вистина, се работи за голем број на електронски податоци кои што, како што реков, се предмет на една опсежна анализа, не само на истражниот тим на обвинителството, туку се вклучени и други, рече таа.

АД ЕСМ Адитив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.