Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранискиот потпредседател Милошоски прими тајванска делегација во Собранието, Кинеската амбасада жестоко реагира

0
By Zoran Ivanov on November 21, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадата на Кина во Македонија јавно реагира откако потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се сретна со официјални претставници на Тајван во Собранието. Во реакцијата се вели дека „овој тежок погрешен чин го крши принципот ‘Една Кина’, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина“.

Собранието вчера официјално извести за средбата и за неа објави и на социјалните мрежи. Денес, по реакцијата од Кинеската амбасада, објавата на сајтот на Собранието беше недостапна, односно линкот водеше кон празна страница.

Иако на средбата присуствувале и пратениците Фатмир Битиќи и Рашела Мизрахи, реакцијата на Кинеската амбасада е насочена само кон Милошоски, чијашто функција е највисока.

Забележавме дека потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, заедно со двајца пратеници, вчера се состана со делегација на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата на Собранието. Овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата на Северна Македонија Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван. Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија го изразува своето силно незадоволство и категорично противење“, пишува во обемната реакција на Амбасадата.

Принципот на суверенитет претставува камен-темелник на Повелбата на ОН. Принципот „една Кина“ одамна стана универзално признат консензус на меѓународната заедница. Билатералните политички обврски и меѓународните обврски мора искрено и во целост да се почитуваат. Откако долго време беше министер за надворешни работи и претседаваше со Комисијата за надворешна политика, потпретседателот на Собранието Милошоски требаше да биде апсолутно свесен за исклучителната важност и чувствителност на прашањето за Тајван, целосно почитувајќи го суверенитетот на која било друга држава и почитувајќи го меѓународното право. Сепак, она што неодамна го видовме е несфатливо – инсистираната посета на Тајван во официјален капацитет, игнорирајќи ги постојаните силни приговори на Кина минатата година, и овој пат средбата со таканаречените претставници на тајванските власти во зградата на Собранието, национално законодавно тело – обезбедува платформа за политичка театралност на сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи?, велат од Кинеската амбасада.

Господинот потпретседател често се фали дека е избран претставник, тврдејќи дека ја претставува волјата на македонскиот народ. Тогаш, Ве молам внимателно слушајте го гласот на народот. Дали грубото кршење на политичките ветувања и договорните обврски е во корист во заштита на меѓународниот имиџ на Северна Македонија? Дали последиците од отвореното поткопување на основните интереси, територијалниот интегритет и националното достоинство на голема сила – додека се повредуваат чувствата на над 1,4 милијарди на пријателски кинески народ – се темелно проценети? Дали напуштањето на огромен пазар, идните можности за развој и ветувачките перспективи за соработка – овој кратковид чин на „штеди на ситно, губи на крупно“ – е навистина во согласност со фундаменталните и долгорочни интереси на македонскиот народ?, прашуваат од амбасадата.

 

Делегација кона Милошевски Тајван
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

ВЕСТИ November 21, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во…

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025

Кијив: Зеленски го прими предлог планот на Трамп за дипломатско решение на конфликтот во Украина

November 20, 2025

САД имаат нов план за Украина – за Европоа е неприфатлив

November 20, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.