Во Македонија е регистриран прв случај на западно-нилска треска, кој е потврден и лабараториски. Со овој вирус е заразена 57-годишна жена, која не патувала надвор од Македонија.
Таа е во добра општа здравствена состојба и ја прима потребната тераприја, соопштија од Министерството за здравство, пренесува МИА.
Болеста се пренесува со каснување од заразен комарец со вирусот на западно-нилска треска.
Кај најголем број заболени, болеста може да помине без симптоми, додека кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор. Само кај еден процент може да се јават посериозни компликации како менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа. Најдобра превентива е самозаштитата преку користење креми и средства против комарци, како и дезинсекција на јавни површини.