Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

58 проценти од младите би се иселиле од Македонија

0
By Biljana on March 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во следните 5 до 6 години помалите градови ќе се соочат со комплетен недостиг на конкретни кадри и конкретни професии надвор од главниот град.

Само тројца од вкупно присутните 20-тина млади на денешната конференција „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“ биле вклучени во креирањето на младински политики од страна на државните институции.

Овој, како што велат поразителен податок, според говорниците на Конференцијата само по себе кажува дека националните политики за млади се носат без сеопфатна анализа и без консултација со младите и младинските организации.

Дел од младите, на денешната дебата алармираа дека во Македонија недостигаат платежни процесори како Пејпал. Младите во ерата на дигитализацијата, не можат да нудат домашни производи во странски земји, бидејќи не постои платежна платформа преку која можат да си го наплатат трудот. Апелираа дека Македонија мора најитно да се вклучи кон некоја платежна платформа за да може во земјава да влегуваат и пари од странство преку интернет продажба, како што тоа го прават сите развиени земји во светот.

(Петар Барлаковски – Младински образовен форум)

Петар Барлаковски, претседател на Младинскиот образовен форум, вели дека високи 58 отсто од младите во земјава планираат да се преселат во странство.

„Според истражувањето на Фондацијата за демократија на Вестминстер, 64,8 се незадоволни од своето место во државата, односно 58 отсто од младите одговориле дека би се иселиле од нашата држава засекогаш. Додека пак, само шест проценти, од овие 58 отсто рекле дека би се вратиле повторно во земјава“, вели Барлаковски.

Од МОФ велат дека истражување од минатата година покажало дека младите од руралните средини се крајно незадоволни од условите кои им ги овозможила државата за социјален живот и професионален развој.

„56,8 проценти од младите сметаат дека државата воопшто не придонесува за младите кои што живеат во понеразвиени населени места. 61,4 проценти сметаат дека државата не придонесува за младите кои живеат во сиромаштија. Ова само по себе покажува дека имаме огромна разлика помеѓу тоа кои потреби ги имаат младите на локално ниво и младите на централно ниво. Оттука, кога се креираат политики мора да се направи една сеопфатна анализа околу тоа кои се потребите кои ги имаат младите, но не само на национално ниво, дополнително е потребно да се направат мерки на локално ниво, бидејќи потребите на еден млад човек во Скопје и еден млад човек во некоја рурална средина се многу различни“, вели Барлаковски и додава дека во овие истражувања биле вклучени 1800 млади луѓе.

Од Министерството за труд и социјална политика, пак велат дека државата има креирано мерки за активирање на младите на пазарот на труд со цел тие да останат во земјава.

„Ја имаме и ‘Гаранцијата за млади’, со која секое младо лице кое ќе се регистрира во Агенцијата за вработување, ќе му биде понудена некоја од мерките, дали тоа ќе биде директно вработување или обука и доквалификација“, рече Владимир Красиќ од МТСП.

За полесно препознавање на дефицитарните струки, Министерството ја лансираше веб страницата занимања.мк каде учениците, пред се оние од основно образование, кои полесно ќе ја препознаат својата професија со цел и полесно да дојдат до вработување откако ќе го завршат образованието.

(Конференција „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“)

„Законот за млади е добар на хартија, но тој тешко се спроведува во пракса“, вели експертката за креирање на јавни политики, Тања Томиќ. Според неа, законската обврска за креирање на локални младински совети ја имплементирале едвај 30 отсто од општините во Северна Македонија. Ова, вели е така бидејќи Законот за млади не предвидува санкции за непочитување.

Според Томиќ, она што младите ги влече кон западно-европските земји не е се само повисоките плати, туку и квалитетот на живот, односно социјалниот аспект и културните можности кои високо развиените земји им ги нудат на младите. Затоа, алармира дека политиките кои ги носат институциите треба да се креираат земајќи ги предвид интересите и потребите на младите луѓе.

Она што е алармантно, е дека се повеќе расте внатрешната миграција, односно иселувањето од помалите населени места кон главниот град.

Според Сашо Додовски од Институтот за социјална демократија „Прогрес“ во следните 5 до 6 години помалите градови ќе се соочат со комплетен недостиг на конкретни кадри и конкретни професии надвор од главниот град.

„Мотивација, квалитетни работни места и конкурентни плати за младите квалификувани работници се нешто што мора час поскоро да се обезбеди за да им се даде шанса на младите да останат во земјава.

Додовски како пример за тоа како да се мотивираат младите да се вратат во земјава ја зема Хрватска. Тамошната влада нуди по 26.500 евра на секој млад човек кој ќе реши да се врати да живее во Хрватска – пари за отворање на сопствен бизнис како неповратен грант.

Најчесто, од Северна Македонија се иселуваат високообразовени кадри од областа на медицинските науки и од областа на инженерстовото, а најактуелни за младите од Македонија се земјите членки на ЕУ, пред се Германија, Скандинавските земји, но и Велика Британија.

Конференцијата „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“ беше во организација на Институтот за социјална демократија „Прогрес“.

(Б.Божиновска)

 

 

иселување на младите младински политики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.