Само минатата недела Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдил непочитување на владините одлуки за намалување на ДДВ и маржите на одредени производи од страна на 7 супермаркети, по што овие заработиле казна од по 7000 евра.
– Се работи за седум супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките. Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи каде што е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до една година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата “ изјави Бектеши при утринската посета на Тетово.
Инаку вкупниот број на казнети трговски дуќани со се викендот, е 33. Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека за применување на одлуките на Владата на терен се инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а согласно извештајот од минатата недела веќе се изречени и казни за трговците кои што не ги почитувале одлуките.
(М.Т.)