Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

8-ми Септември – 30 години потоа

0
By Mirjana on September 6, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Зоран Иванов

Референдумот од 8-ми септември беше единственото можно решение кое водеше во независност и кое во себе сублимираше две тогаш спротивставени опции и меѓу политичарите и меѓу граѓаните: државата да се одвои мирно без крвопролевања каков што сигнал сакаше да се испрати со референдумот и, втората, за која прашањето даваше можност, доколку федерацијата евентуално ги надминеше недоразбирањата меѓу членките, нашата република да се врати во федералната рамка.Секако, ова второто беше само популистички дизајн со кој се сакаше да се смират уплашените за егзистенцијата на државата како самостоен меѓународен субјект бидејќи федералните центри веќе тогаш беа толку слаби, а републичките толку осилени и непријателски спротивставени, што единствената реална опција беше референдумот да успее и тогашната Социјалистичка Република Македонија да тргне по сопствениот пат на самостојна, независна и суверена држава. И самиот референдум како чин на осамостојување на државата е само епилог од еден процес.

Нескромно, но практично, брендот на таа вечер, на деновите и на ноќите што им претходеа на референдумот, е тимот техничари, инженери, новинари репортери, уредници на  Радио Скопје. Овој медиум, посебно со својот генерален уредувачки став утврден откако многу јасно се виде дека национализмите по тогашните сојузни републики толку набујаа, беше јасно дека набрзо следува мошне мачен крај на тогашната федерацја. И дека тоа е време на неминовен почеток на процесот на формирање на македонската самостојна држава. Радиото беше единствениот, од малкуте секако, па сепак единствениот ангажиран медиум во тој процес. Со денови и месеци пред тоа, од почетокот на таканаречената југословенска криза, Радиото ја разбра ситуацијата на државата и нејзината единствена опција да се извлече од таа криза. И таа да не стане дел од навестениот националистички воен виор. И, во насока на таа мисија, Радио Скопје ги повика македонските граѓани. Наспроти колебливоста на еден дел од политичарите и наспроти нереалната и непромислена еуфорија на друг дел од македонските политичари, ние „на помош“ ги повикавме македонските раѓани. Радио Скопје ги отвори микрофоните. Ја реализираше својата програма деноноќно во  живо. Немаше ден во кој не ќе ги слушневме гласовите и ставовите на 500-тини, на 600-тини наши сограѓани. Мнозинството беа за неминовната опција републиката да се одвои и да стане посебна самостојна држава. Тоа беше посебно силен народен притисок спрема партиските водства и пратениците во народното собрание да се окуражат и да донесат решение за државата онакво какво што налагаа и околностите и желбата на мнозинството граѓани. Да се тргне во насока Македонија да се оддели од тогашната федерација.

И тука, во овие факти, е придонесот на тогашниот кадровски состав на тогашното Македонско радио – Радио Скопје кое, за својата уредувачка визија, посветеност и ангажираност, се уште од државата ја чека заслужената сатисфакција. Радиото беше предводник на предреферендумските процеси. Во нашите студија дефилираа политичари од се`побројните нови партии, професори, уметници, умерени и бунтовни интелектуалци, јавни личности од сите идеолошки и национални провиниенции. Радиото беше вистинскиот плуралистички мегдан. Беше единствениот медиум полемичар. Отворен за граѓаните, за нивните ставови. Македонското радио – Радио Скопје во тие денови испиша значаен дел од историјата на македонската самостојност и практично ја понесе палката на процесот.

Но, сепак за жал, генерациите родени по 1991-ва година, чинот на осамостојувањето го доживуваат само преку неколкуте архивски снимки на кои е прикажан големиот огномет и прославувањето со шише шампањ. Тие и не ја знаат приказната што течеше токму низ подвижното радиско студио. Радио Скопје тогаш со својата техника се пресели на плоштадот, до бината, меѓу граѓаните. Со директен пренос од минута во минута јавуваше за резултатите од референдумското изјаснување. Од минута во минута ги соопштуваше бројките и процентите на референдумската излезност и на потврдените гласови кои ја оформуваа македонската самостојност.

Плоштадот тогаш беше празен од градби, но беше преполн со народ. Преку разгласот од техничката опрема на Радио Скопје, ечеа референдумските одгласи за излезеноста по општините, по референдумските места, за расположението и за исчекувањата на граѓаните. Илјаден народ се туркаше да биде што поблиску до бината. Ако може секој лично од прва рака да слушне дека во таа ведра и топла септемвриска вечер се раѓа нивната држава и да бидат сведоци и директни учесници на тој чин. Ете, така некако, на крајот од денот и ние од Радиото бевме и сведоци и креатори и директни актери на таа спонатана прослава. Како и во деновите пред референдумот, како и во ноќта спроти референдумот од градскиот парк, така и таа вечер на референдумот, на тоа народно изјаснување, со директна и отворена ноќна програма во живо, Радиото беше тука. Ги собираше и ги собра граѓаните со сите нивни надежи, желби, па и стравови. И, таму, на големиот скопски плоштад каде што бевме ние од Радиото, дојде и народот. Бевме заедно со него и во таа осмосептемвриска ноќ.Многумина денес ги паметат само сликите од бината на плоштадот од прогласувањето на независноста. Ги спомнав огнометот и шампањското, единствените кадри што националната телевизија ги регистрираше за тој историски настан. Но затоа тука беше радиото и неговиот репортерски тим.

Радио-Скопје вечерта од 19-ет часот со своето подвижно возило, со своето камион студио, беше на плоштадот. Јас, сместен во возачката кабина, директно ги пренесував и атмосверата и резултатите прво од излезеноста, а потоа и од изјаснувањето на македонските граѓани по општини. Колешките и колегите постојано ми носеа ливчиња хартии со податоци од прес центарот на Државната изборна комисија.Еуфоријата што го обземаше илјадниот народ кој го исполни целиот плоштад и сите пристапни булевари. Тоа е незаборавен момент. Преку моќните звучници што по целиот плоштад ги инсталираше техничкиот тим на Македонското радио, овозможи мојот репортерски глас, покрај радио слушателите, да го имаат и  присутните на плоштадот.Масовните извици на воодушевување, на одобрување на референдумските резултати по општини што за потребите на програмата на радиото ги соопштував од минута во минута, тоа масовно, тоа колективно народно чувство дека се раѓа држава, е таа еуфорија е тоа нешто што не може да се заборави. Како согласно општинските извештаи ги соопштував и последните финални резултати, како што стануваше се појасно дека веќе нема никаква сомнеж дека референдумот за тоа дали Македонија да биде самостојна држава ќе биде успешен, така изливите на воодушевување, на колективна народна радост со, сегашен аспект, историска димензија, стануваа се подоминантни.

Епиологот е познат. Ја имав честа да бидам првиот кој, врз основа на податоците што моите неуморни и исто така полетни колешки и колеги репортерки и репортери од минута во минута ми ги доставуваа во репортерската кабина, да соопштам дека Референдумот е успешен. Потоа, Претседателот на државата Киро Глигоров, обраќајќи му се на насобраниот стоилјаден народ, рече: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“

Така, низ мојот агол на доживувања, тој ден и таа вечер се роди новата држава. Десет дена потоа, на 18-ти септември, македонското собрание го верификуваше референдумскиот резултат и ја востанови Самостојна Република Македонија.

И ете, од тоа време и посебно од тој ден и осебено од таа 8-мо септемвриска ноќ, паметам се`. Секој детал. Но не е вицот во тоа што ќе запаметам јас. Туку е во тоа што ќе запамети, што ќе забележи, документира и депонира државата во својата и во светската историја.

8-ми септември Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.