Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени биле 2.799 тестови, од кои регистрирани биле 273 нови случаи на КОВИД-19.
Сликата по градови е следна: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 273 во овој случај, регистрирани се 45 реинфекциии.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Кај сите починати лица вкупно 8, се регистрирани коморбидитети, информираат од Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи изнесува 2.016 .