Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беџети и Андов: Апел за смирување на страстите

0
By Менче Атанасова Точи on December 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните да не наседнуваат на провокациите и да не одговораат на ист начин, со закани,  порачуваат аналитичарите искусните политичари, граѓанските организации, по синоќешните протести на активистите на ВМРО ДПМНЕ каде актуелните функционери праќаа закани и повикуваа на говор на омраза, до оние кои наводно сакале да им ја украдат победата.

Повиците„Ќосето е жив“, Клетите шиптари“, пораката од Валентина Божиновска дека ќе се случи „Ноќ на долгите ножеви“, од Амди Бајрам кој рече дека на Зоран Заев  “многу бргу ќе му дојде погребот”,  ги „запали“ насобраните приврзаници на ВМРО ДПМНЕ кои до раните утрински часови ја отежнуваа работата на ДИК.

Проминетниот академик Абдулменаф Беџети за НОВА ги коментира тензичните протести пред ДИК и повикување на смирување на страстите:

-Мислам дека пост- изборните случувања на подигнати тензии можат да наштетат на фрагментираното општество- не само во рамки на мултиетничност, туку и внатреетнички односи.

Македонија после четврт век после воведувањето на демократијата не може да се врати  на нејзините почетоци, бидејќи таа доста напредуваше во европските и евро-атланските интеграции и процеси и патот кон Европа и ова може многу да и наштети.

Сериозните политички субјекти треба да бидат на висина и нивната одговорност е да ги смират страстите, зошто тоа може да доведе до далекусежни последници за општеството во целина.

Според Стојан Андов искусен политичар и поранешен претседател на Собранието на РМ, синоќешните протести пред ДИК се знак колку негативно може да се влијае на целокупната атмосфера кога поединци ги искажуваат своите фрустрации во името на партијата, при што го оневозможуваат законското право на ДИК да одлучуваат по однос на приговорите.

„Тоа е непочитување на Законот и преставува притисок на поединци кои сакаат да покажат дека тие се борат за Македонија. Таков спас на Македонија не и треба. Тие во име на партијата создаваат атмосфера на тензија и повикуваат на насилство. Верувам дека граѓаните ќе се воздржат и нема да наседнат на овие провокации и нема да одговорат на ист начин со закани“, изјави Андов за НОВА.

На социјалните мрежи се повикува на одмазда има отворени  закани до активисти на Шарената револуција. Две закани  беа упатени до Павле Богоевски пратеник на опозицијата и еден од предводниците на Шарената револуција каде се вели „ тоа што правевте ќе ви прават сега“, „спремен ли си“, „да не ти треба нова фасада“?

Ова не е прв пат активисти да се соочуваат со јавни повици на линч. Истите притисоци можеа да се забележат и за време на Шарената Револуција, но и претходно кога некој активист/ка ќе станеше поголем трн во окото на режимот, вели Богоевски за НОВА.

„Сакам да потсетам дека објавувањето на содржини на интернет со кои се помага, промовира или поттикнува омраза или насилство претставува Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (чл.394-г КЗ), истото се гони по службена должност и казната е од една до пет години затвор. На изборите, повеќе од 612,000 граѓани гласаа против режимот, против Груевски. Гласаа за промени. Груевски знае дека е поразен, а ние нема да дозволиме да не опседне со неговите повици на одбрана од непостоечки непријател, омраза и насилство. Без разлика на притисоците и заканите, ние ќе продолжиме понатаму. Бидејќи од почеток знаевме дека нема да е лесно и бидејќи вреди да се бориш за Македонија без криминал во власта“, порача Богоевски.

Синоќа за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК  на социјалните мрежи се појавија списоци со имиња и презимиња и со адреси и на другите активисти од  „Шарена револуција“ и со повик до приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ да „се посетат“ посочените личности.

На „Твитер“ се ширеше список со адресите на кандидатите за пратеници на СДСМ од граѓанскиот сектор, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ,  а на него беше и активистот на „Шарена револуција“ Демијан Хаџи-Ангелковски.

Со реакција се јави Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде потенцираат дека Кривичниот законик предвидува казна затвор од 1 до 5 години за оној кој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничните или верските симболи или на друг начин, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост.

Во истата насока е  и списокот кој циркулира на социјалните мрежи во кој се наведени адресите на дел од кандидатите за пратеници и активисти на Шарената револуција, со повик до приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, да “се посетат” овие личности, велат од Хелсиншки.

На синоќешниот протест меѓу присутните неколку стотини граѓани  можеа да се забележат директори на училишта, директори на институции, вработени во администрацијата, актери. Со зурли, тапани и ора, со пеење на патриотски песни, се вршеше притисок врз работата на ДИК, а функционери на партијата често повторуваа „Лопови“ и „Нашето трпение истече“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.