Со летно кино на отворено и проекција на филмот „Пинокио“ ги започнуваме низата настани со кои роденденски ќе одблежиме 95 години од основањето на Скопје Зоо.
Филмот „Пинокио“ ќе може да го погледнете на Школка во Градски Парк во недела (25.07) со почеток од 20:30.
– Понесете си ќебенце да направиме пикник пред Школка и да уживаме во еден од најнаградуваните филмови за деца и возрасни, велат од Зоолошката во Скопје.
Филмот „Пинокио“ на режисерот Матеа Гарона се движи во царството кое истовремено е реално и фантастично, во рурална, безвременска Италија која изобилува со земја, море, селско опкружување. Верната адаптација на познатата приказна за дрвената кукла која успеала да оживее благодарение на сиромашниот, осамен столар Џепето.
Како и секое дете, Пинокио е љубопитен, а за светот во кој живее учи од своите обиди и грешки. Поседувајќи вродена детска храброст, Пинокио станува тоа што требал да биде– вистинско момче.