Четири лица загинаа во престрелка во Санта Моника, Калифорнија, која заврши во петокот, од засега неидентификувано лице, кое е убиено, јавува Си-Ен-Ен. Првично, властите известија за 6 лица убиени, но подоцна ја прецизираа бројката на жртви.
Својот смртоносен поход го започнал во една куќа во која убил двајва луѓе и подметнал пожар. потоа, тргнал кон униеврзитетскиот кампус, а на пат пукал наоколу, на луѓето, на автомобили и на автобус.
“Ние не сме убедени 100 отсто дека осомничениот, кој беше убиен оперирал сам “, им изјави на новинарите началникот на полицијата на Жаклин Сибрукс.
Коментарите дојдоа откако полицијата и пожарникарите го пребаруваа кампусот на Санта Моника Колеџот, за да пронајдат други можни жртви или стрелци. До почетокот на вечерта, властите го прогласија кампусот чист.
Напаѓачот не е идентификуван од страна на властите, изјави Сибрукс. Таа го опиша како бел маж на возраст меѓу 25 и 35, облечен во црно, со балистички елек. Тој носел полу-автоматска пушка, рече таа.