Денеска во 12 часот во МКЦ ќе се одбележи Меѓународниот ден на укажувачите. Учесници на настанот се Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, укажувачот Симо Груевски, Меѓународниот тим лидер Петрус Тоинес и истражувачкиот новинар Зоран Иванов, претседателката на ТИ Македонија Слаѓана Тасева, како долгогодишниот активист Џабир Дерала од Цивил. Активистката за човекови права и новинарката Арзу Гејбула ќе има воведно излагање за растечките предизвици и опасностите на истражувачкото новинарство и активизам во Европа и ширум светот.
Меѓународниот ден на укажувачите е ден кога светот им оддава признание на граѓаните кои имаат интегритет и храброст да пријават злоупотреба додека други молчат.
Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор на Македонија се во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа (SECWP) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. Медиумски партнери се „НОВА ТВ“ и „Канал 77“.