НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ ја разгледува можноста за напуштање на Владата

2
By Нова ТВ on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ сериозно ја разгледува можноста за напуштање на владата со ВМРО-ДПМНЕ односно техничката влада која е во функција, изјави денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за време на одржувањето на централното претседателство на оваа партија во Мала Речица.

Според него на седницата на централното претседателство, каде дебатата е се уште во тек, на дневен ред има две точки, меѓу кои и разгледување на можноста за напуштање на техничката Влада од страна на функционерите на ДУИ.

„Веќе во структурите на ДУИ се разговара дека една таква можност би можело да придонесе кон деблокирање на состојбата, членовите на претседателството ги разговараат аргументите „за“ и „против“ оваа опција. Дел од аргументите се дека при давање на оставка министрите ќе мора да останат на местата до именување на новата Влада но има и други аргументи коишто велат дека оставката би ја деблокирала состојбата.

Втората точка се локалните избори. Според Уставот, мандатот на градоначалниците е четири години, веќе следната недела тие поминуваат и настапува еден правен вакум со функционирање на општините. ДУИ ќе разговара и за овој вакум како и за можните кандидати за градоначалници на локалните избори и самиот процес на закажување на локалните избори“, изјави Османи.

Седницата на централното претседателство е во тек.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.