Претставата „Грав“ од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски, копрукциски проект на Мал драмски театар – Битола и Драмско-кулклен театар од Враца, која неодамна го освои највиското признание Гран-при на 24. Меѓународен фестивал на мали театарски форми во Враца, повторно ќе гостува во Бугарија.
„Претставата „Грав“ ќе ја изведеме на 14. јуни, термин кој домаќините го резервираа како прв слободен термин, веднаш по информацијата за освоеното Гран-при во Враца. Поканата од овој престижен театар за нас претставува дополнителна потврда за квалитетот на претставата во која настапуваат актерите Јоана Поповска, Анастас Попдимтров и Георги Грозев, вели Благој Стефановски, основачот на театарот
Мал драмски театар-Битола до крајот на месецов, односно на 27. јуни ќе настапи на театарскиот фестивал ИНФАНТ во Нови Сад. Станува збор за интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар каде актерите од Битола ќе ја изведат претставата „Домот на Бернарда Алба“ во режија на Софија Ристевска.
На овој фестивал, во 2011 година копродукциот проект „Црвено“ во режија на Мартин Кочовски ја освои наградата Гран-при.