Шокантни снимки од црниот рид составен од жгура кој налик на вулканска маса се издига над селото Возарци.
Снимки од загадените води, од почвата која е црвено обоена поради тешките метали.
Сведоштва на жители од селото кои за првпат јавно проговорија за последиците од прашината која ја испушта Фени.
Зошто никој не им ги купува нивните земјоделски производи на пазарите? Која е цената која плаќаат тие што се вработени во Фени и се принудени да молчат за еколошката катастрофа која се случува во овој регион.