Од планираните 24,3 милиони евра, владата на Република Македонија вчера успеа да не задолжи за дополнителни 10,2 милиони евра.
Воедно, вчера се задолживме за 34,6 милиони евра преку пет поединечни аукции на хартии од вредност, а веќе денес доспеваат за враќање 24,4 милиони евра, исто така на домашниот пазар.
Последното задолжување беше пред две недели кога се задолживме за 62 милиони евра,
колку што беа вратени следниот ден.
Како што обајви тогаш НОВА, беа продадени шестмесечни државни записи во износ од 55,3 милиони евра, како и 5,2 милиони евра во едногодишни државни записи.
Кај државните обврзници, пак, беа понудени такви со рок на достасување од 5 години, а беше продаден износ од 1,1 милиони евра, што беше далеку под бараните 4,88 милиони евра.
Во последното задолжување во почетокот на јуни, банките понудија помалку средства од оние што ги бараше државата.
Според последните податоци на Министерството за финансии заклучно со април, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра, што во однос на декември 2012 година претставува зголемиување од 120 милиони евра.
Долгот на Владата само по основ на издадени хартии од вредост на домашен терен зафаќа 34 проценти од јавниот долг на централната влада, кој изнесува 2,7 милијарди евра.