На подрачјето на Град Скопје викендов ќе се прска против комарци.
Прскањето ќе биде во сабота и во недела во раните утрински часови.
Од Секторот за комунални работи на Град Скопје информираат дека доколку временските прилики не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бодат поволни.
Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги превземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.