Добитник на “Денес 2013”, годишна награда за млад ликовен уметник на овогодинешната награда е Филип Jовановски.
Описот на делото Јовановски го дефинира на овој начин:
Мртва природа: од колекцијата Работничката класа оди во рајот
А still life is а real life.
Robert Wilson
Овој проект претставува лична архива нафрагменти од неколку авторски проекти коишто го третираат поимот на слободатаво различни социјални и политички контексти, и тоа:
Слободата го води народо!,инсталација, Прима Центар Берлин, октомври 2011,
Не зјапајте романтично – Тапани во ноќта,Бертолт Брехт
Трилесни парчиња, предлог за опера во тричина,инсталација , центар за Култура Битола,
декември 2012,
I’m a romantic. I claim there’s no real revolution without free love.
(WR Mysteries of the Organism, Dusan Makavejev)
За општина Центар, акција во јавен простор, Утопии Дистопии, КООПЕРАЦИЈА, Април 2013,
Ideas of man are the most direct emanations of their material state. Karl Marx
Во случајот на сите овие 3 дела, работникотстанува објект, предмет во големата слика на доминантните позиции на моќ, парадигма во дефинирањето на граѓанскатаслобода во еден современ неолиберален систем .
Проектот претставува мала архива од неколку проекти коишто гопреиспитуваат контекстот на граѓанската непослушност , како мали интими нановата револуција/промена којашто повикува во конкретниот локален но и глобаленполитички контекст, особено истакнат со случувањата во последните 2 години.
Мртваприрода: од колекцијата работничката класа оди во рајот како контрапункт наМарксистичките тези за социјална слобода и рамноправност, гo „користи“ митот занедостижната состојба во рајот наспроти конструираните/дизајнирани митологии занационалната историја и идентитет, се со цел да ја истакне важноста наматеријалната слобода на човекот како централен елемент околу кој треба да сеформираат неговите права и слободи.
Сигурно е лесно за држава којашто секојдневно „произведува“ митови да ги прати работниците во рајот. Зар е тоадоговорот за работа? Тоа им ветиле? Зар нивните идеи зависат само од нивнатаматеријална состојба? Значи ли тоадека треба да го издржат пеколот наземјата за да „одат“ во рајот?
Или пак обратно, нивната материјална состојба зависи од идеите за кои на други имтребаат средства колку илјадници животи на овие работници?
Идеите/соништата се крајниот политички чин, „во најмала рака затоа што додека спијат можат дасонуваат за нешта коишто им се забранети да ги прават додека се на работа,истото што го прави било кој што вомоментот е во доминантна позиција на моќ. Секој е работник, секој има своиидеи!!
Еднаш го прашале Брехт „Што мислите, како изгледа рајот? Зар таму сме ослободени одматеријалните ограничувања?“
Брехт одговорил „Не знам, прашајте ги работниците!“