Published: Saturday, July 1, 2017 13:21
Четворица работници паднале од градежн скеле откако се откачила една од жабките на скелето, дел од опремата на градежната компанија којашто ги најмила „Синтек Инжинеринг“ од Скопје, соопшти полицијата. РАботниците биле на скелето во реонот на клучката кај Миладиновци. Еден од работниците е со тешки телесни повреди односно скршен р’бет и рани на главата и лицето, додека тројца имаат набиеници и рани по телото и главата. Само еден работник е пуштен на домашно лекување. Сите работници биле донесени вчера во Ургентниот центар во болницата 8ми септемри во Скопје.




