Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисиите ќе утврдуваат одговорност за починатите новороденчиња на ГАК

0
By Нова ТВ on August 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 25, 2017 13:28

Директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Викторија Јовановска денеска испрати писмена реакција во врска со обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека министерот за здравство и директорката на гинекологија сакале да го скријат „скандалот“ со починатите три новороденчиња на Клиниката пред неколку дена и дека за тоа објавиле дури откако за таа беше објавена во  јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ уште обвини дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија е „само поради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева“.

-Во ниеден момент не сум ја загрозила работата на установата ниту пак животот и здравјето на ниту еден пациент на ГАК. Стотиците породени и оперирани пациентки говорат за мојата стручност и квалификации потврдени со исходите на самите пациенти, а не моето познанство со сопругата на премиерот, вели Јовановска во реакцијата.

Таа истакнува дека Клиниката ја затекнала без персонал и опрема, и притоа ја објаснува ситуацијата во Интензивната нега на новороденчињата.

-Претходното раководство знаело дека располага само со 22 инкубатори, а бројот на недоносени речиси секогаш бил двојно повеќе, но ништо не преземало за релаксирање на оваа состојба и обезбедување на повеќе инкубатори иако фактот за најмногу починати новороденчиња – а владата на ВМРО ДПМНЕ водеше кампања за многудетни семејства – ја остави клиниката без персонал и опрема, вели Јовановска.

Меѓу останатите проблеми таа ги наведува и:  дефицитот на педијатри кои дежураат секоја втора вечер, родилна сала, дневна болница за киретажи, амбуланта за итни случаи кои работат без вентилација за довод на свеж кислород лаборатории кои се сместени во субстандардни подрумски услови, неводење грижа за персоналот поради што, како што вели, за речиси една година од Клиниката си заминале тројца специјалисти анестезиолози кои се дефицитарни во државата, за обезбедување од страна на СГС обезбедување во сопственост на Сашо Мијалков од Клиниката било плаќано 4,7 милиони денари, наместо да се купи опрема, изгубени пациенти од регионот кои во минатото се лекувале на оваа клиника од соседно Косово, Јужна Србија, Бугарија, покрив кој постојано прокиснува и лифтови за транспорт на пациенти кои 70% од времето не работат, злоупотреба на службени возила со кои располага Клиниката, чест недостаток на потребни материјали, но затоа биле набавувани скапи Lenovo лаптоп компјутери и преземање на гинеколози од градови каде се дефицитарни гинеколози.

Во врска со конкретниот случај, Јовановска објаснува дека „станува збор за прва бременoст на пациентката со IVF оплодување и степен на ризик поради гестациски дијабет (третиран со инсулин) и преегзистенцијална хипертензија со аплициран Cerclage (подврзување на грлото на матката)“.

-Пациентката претходно трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово поради гинеколошко крварење. Во меѓувреме пристигнат е и резултатот од хемокултурата замена веднаш по раѓањето на првороденото новороденче и истата потврдува тешка вродена инфекција. За останатите причини дополнително ќе бидат информирани родителите, вели Јовановска.

Министерот за здравство Арбен Таравари токму во врска со овој случај беше на ГАК од каде најави дека дека доколку извештајот од комисиите констатира неправилности во третманот на новороденчињата, веднаш ќе бидат преземени соодветни, законски мерки.

Во јули Таравари испрати ненајавена испекција на оваа Клиника, при што беше утврдено дека хигиената е на незадоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира според прописите.

Јовановска беше назначена за директорка на ЈЗУ У ГАК пред точно две недели, а има претходно професионално искуство од 20 години работен стаж на ЈЗУ У ГАК, како специјалист гинеколог акушер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.