Супермен и Бетмен ќе се појават во ист филм за прв пат- оваа вест е обелоденета, на задоволство на многу фанови на популарните стрип-ликови.
Изненадувачката најава беше направена од страна на Зак Снајдер, кој го режираше најновиот Супермен филм -Човек од челик.
Но, зборувајќи на стрип конвенција во Сан Диего, Калифорнија, г-дин Снајдер изјави дека сценариото уште се пишува.
Снимањето се очекува да започне следната година, а премиера на филмот е закажана во текот на летото на 2015 година.
ВИДЕО- Последниот филм за Бетмен -The Dark Knight Rises