НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев не е црквата во која треба да се крстиме

0
By Биљана Секуловска on October 7, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што да се направи со остатоците на денот, со кои дури и самиот Казуо Ишигуро беше беспомошен? Тој, Ишигуро, новиот нобеловец за литература, дури и самиот тој ја остави вратата во книгата, таа е отворена за сите нас. Ние сме тие што треба да одговориме што да се прави со остатоците од животот, после груевизмот.

Таа атмосфера за која говорам, тој наследен страв дека ништо не можеме ние самите, туку само Партијата, или само Лидерот, таа носталгија, таа традиција продолжува да парализира некои луѓе.

Разбирливо, изгубени се сите, соочени сами со себе, со сопствените дела, недела, образи, нечистотија, светнати лица.

Но, Заев во тоа не може да ни помогне. Тој не може како Груевски што беше, да биде наш рачен прожектор на филмови, рецензент, цензор, не може да биде Роберт Алаѓозовски за потребите на  блескавите, прекрасни уметници , ниту пак самиот Алаѓозовски може да ни ги реши сите страдалнички маки, пресвртот на судбините, да посредува во ужасните хајки и критиките за филмови вредни за полемика, но не и за кафкијански процеси, ниту пак за нинбершки кафези.

А Заев, пак за Заев, тој не е црквата во која треба да се крстиме, иконата која треба да ја бакнуваме, тој не може да го носи нашиот крст, да не посипува со темјан и да ни мацка лепче со вино, да ги брка злите дуси кои не опседнале од конкуренцијата, небаре е егзорцист, не може да носи навечер мантија за да ни стане приватен поп за да не благослови за денот кој доаѓа, а преку ден тога- за да се претвори во наш платен судија за да ги елиминира сите наши непријатели, тој не може да се самопрогласи за претседател на жири-комисија за дела за Оскар, проценувач на генијални уметнички дела, колекционер на сечии солзи од тага или радост. Тоа се беше Груевски, зарем не ви беа доволно години?

Во остатоците на денот треба да го пронајдеме  нашето сопствено место, а не неговото, на Заев, во тоа што сакаме со оваа земја и со нас самите.

Архитектите и активисти Даница Павловска- Циги и Мартин Пановски

Заев не може сам да ги крши со сопствените две раце старите споменици и на нивно место да поставува нови, да одлучува преку ноќ да го снема Скопје 2014, да биде наш градител и багерист, да биде голем архитект и борец како Даница Павловска- Циги, ниту пак како Мартин Пановски, да биде се што беше Груевски. Заедно со Заев се изборивме за остатоците од нашиот живот, сега се е останато на нас да сториме најдобро што можеме.

Специјалната обвинителка Катица Јанева и премиерот Заев

Заев не може да апси и да пресудува, да ги изведе виновниците по кратка постапка, да набави докази и да врши претреси, да ја облече црната тога, да стане чекан и да го реформира на тој начин судството, судиите, обвинителите, тој не е Катица Јанева, ниту пак таа има моќ да биде се што сите ќе посакаат.

Тефтерот за судбините на Велија Рамковски и Никола Младенов

Заев не е Груевски- не е врховниот судија, уставниот, кривичниот, тој не е анонимниот телефонист кој го  спојува Груевски и сите негови луѓе со судиите кои грижливо во тефтерот запишуваат нарачани пресуди од власта- кога Велија Рамковски ќе оди во затвор, а кога ќе се затвори истрагата за Никола Младенов.

И за тие остатоци на деновите кои ни претстојат, треба да се погрижат сега некои други луѓе во судството, тоа се сите оние кои му оставаа на Груевски и неговите најважни луѓе да стане Партијата еден голем суд.

Заев не може да биде Груевски, да се грижи за да стане новинарска буква, која се менува зависно од потребите на режимот, да редактира, лекторира, коригира и уредува, да стане баг и да влегува во компјутерскиот систем и да ги менува насловите, ставовите, сликите и неприликите, да ги уништува архивите и да ја менува историјата. Тоа се нашите остатоци од денот, ние сме тие што располагаат со нив.

Заев не може како што беше Груевски, да биде нашиот партиски папа, министер за се и оттука за ништо, костумосан, но со по некоја флека од претходната вечер- венчален кум, матичар пред нервен слом, затоа што не верува во брак, љубов и невеста која цупка без да е свесна што ја чека во остатоците од животот, тој не е сведок кој избезумено си ја бара личната карта, да не крсти и погребува, нашето сонце и црна темнина.

Ние ги имаме остатоците на денот и тие се наши, а не негови. Ние одлучуваме што со нив, и ние нему треба да му дадеме патоказ, а не тој да не води за рака, да не сопнува и стркалува во бездна, да не крева и да биде наш џелат и спасител- тоа се беше Груевски, тоа време е завршено.

Тогаш зошто некои луѓе сонуваат Заев да стане се она што беше Груевски, зошто го молат да ни ги земе остатоците од денот? На тоа одговор Заев не може да им даде, но прашањето е- дали можат сами да трагаат по одговорите и по тие остатоци, кои само ним им припаѓаат. Тие повеќе не се сопственост на Груевски, а Заев не им ги ни побарал. Но, некои луѓе сами не можат понатаму, а остатоците се ситнат и трошат, додека и самите сопственици на тие остатоци не се потрошат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.