За пет години ниту едно предвреме родено бебе од Клиника за гинекологија не е донесено кај нас за интервенција, а многу од нив имаат вродена аномалија на срце, обелодени за НОВА, доктор Владимир Чадиковски, детски хирург кој пет години со странски тимови врши операции на срце кај деца.
Дали срцевите аномалии и нивното нетретирање е една од најголемите причини за зголемената смртност кај новороденчиња? Постои ли стратегија на гинекологија да се гледаат на ЕХО за срце предвреме родените бебиња?
За потребата од формирање на Детска кардиохирургија по пет години работа на проект. Во какви услови оперираат, колку детски животи се спасени, колкав е процентот на смртност? За опструкциите, но и за ентузијазмот со кој работи целиот тим, повеќе од разговорот со Чадиковски во ПРОЦЕС.