Еден човек почина, најмалку 35 луѓе се повредени, пет од нив сериозно, во судир меѓу два воза во западниот дел на Швајцарија, според најновите извештаи, јавува Би-Би-Си.
Несреќата се случи во Гранж – пре – Марнард, на околу 50 километри југо-западно од главниот град, Берн.
Регионалните возови се судрија со предниот дел во раните вечерните часови.
Возачот на еден од возовите почина во инцидентот, а неговото тело било пронајдено од остатоците рано утрово, соопшти швајцарската полицијата.
Спасувачите работат на местото на железничката несреќа.
Спасувачите успеале да ги одвојат двете локомотиви и да го најдат телото на возачот во една од нив.