Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манафорт нуди 11,65 милиони долари во замена за притворот

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 09:31

Американскиот специјален обвинител Роберт Мулер, кој ја истражува наводната вмешаност на Русија во ланските претседателски избори во САД, го обвини поранешниот шеф на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, Пол Манафорт дека со руски колега пишувал статија-коментар за својата политичка работа во Украина.

Во судски документи, обвинител од тимот на Мулер пишува дека Манафорт последен пат на статијата работел на 30 ноември. Ако материјалот бил објавен, тоа би било прекршување на судската наредба од 8 ноември со која на поранешниот помошник на Трамп му е забрането јавно да зборува за случајот.

Рускиот колега, чие име не е откриено и кој заедно со Манафорт работел на статијата, има врски со руски разузнавачки агенции, стои во документите.

Поради активностите на Манафорт, обвинителите побарале од судијата кој е назначен на случајот, да ја отфрли неговата молба за промена на условите за негово ослободување со кауција.

Поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп предложи да даде како гаранција 11,65 милиони долари во замена за домашниот притвор и електронскиот мониторинг. Портпаролот на Манафорт досега не ја коментираше оваа информација.

Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, и неговиот помошник Рик Гејтс, се обвинети за контакти со проруска организација од Украина, која била поврзана со соборениот украински претседател Виктор Јанукович.

Конкретните обвиненија против нив се заговор против САД, перење пари, криење на странски донации и банкарски трансфери и неовластено претставување на странски држави во САД, за што на Манафорт вкупно му се заканува затворска казна од 80, а на Гејтс од 70 години.

истрага кауција Манафорд статија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.