Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството на починатата лекарка Масин ќе бара дополнителна истрага

0
By Менче Атанасова Точи on January 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 3, 2018 18:39

Семејството на починатата лекарка Елка Масин не е задоволно од истрагата на Основното јавно обвинитество и ќе бара дополнителна истрага. Ова за НОВА го потврди нејзината сестра која рече дека многу се вонемириле од резултатот од истрагата, за која дознале од информацијата на НОВА. Семејството смета дека прво тие требало да бидат известени, но досега никој ниту ги известил ниту ги контактирал.

„Крајно сме незадоволни како е водена истрагата. ОЈО требаше прво нас, како семејство да не известат. Никој досега не не викнал,  ниту од МВР, ниту од Обвинителство. На сослушување беше повикан само сопругот. Кога прашувавме и баравме одговори ни беше кажувано дека случајот е многу замрсен, дека има сомнеж за самоубиство, но дека повеќе личи на убиство. Дека не е „ниту риба, ниту девојка“, изјави за НОВА, Марија Димитровска Масин, сестра на починатата лекарка Елка Масин.

Таа тврди дека се околу смртта на најезината сестра е многу мистериозно и дека целата истрага е водена лошо и многу чудно. Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9 мај минатата година, со повреди по телото. Наводно, телото го пронашол нејзиниот сопруг, лекар на истата клиника. Повредите биле во пределот на рацете каде што и биле исечени вените, а имала и убодна рана на вратот.

„ Не само убодот на вратот, таа имаше модрици на десната рака, едниот прст и беше пресечен, односно го немаше капачето на прстот, а ноктот и беше изваден. Позицијата на телото во која беше пронајдена на подот отвара многу сомнеж, како и тоа дали имало борба, дали била нападната од зад грб, дали се бранела. На сите овие прашања одговор треба да даде Обвинителството“, изјави видно вознемирена Марија Димитровска Масин.

ОЈО денеска одговори на прашањето на НОВА, до каде е истрагата со случајот на починатата лекарка, кое беше пратено електронски, уште во ноември.

Во одговорот се вели дека смртта на лекарката Елка Масин настанала од самопровредување, односно таа сама си го одземала животот. Истрагата покажала дека врз телото на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Капиштец,  нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Со тоа истрагата е завршена, а ОЈО смета дека нема место за јавно обвинителска интервенција во поглед на смртта на  починатата лекарка од Клиниката за нефрологија.

„По прибирање на севкупниот материјал и негова анализа,  траги од лице место на настанот, извештаи од многубројни вештачења, обдукцискиот протокол како и дополнителните вештачења, вештачењето на  ДНК трагите,  снимките од видео надзорот од околните објекти, изјави од сведоци и од сослушувања на лица,  надлежниот јавен обвинител утврди дека нема елементи на сторено кривично дело поврзано со смртта на сега починатото лице. Од тука, јавниот обвинител донесе Резолуција со која е констатирано дека доказите поврзани со овој кривично правен настан не упатуваат дека е сторено кривично дело“, се вели во одговорот од Обвинителството.

По осум месеци ОЈО ја затвори истрагата за случајот на почината лекарка Елка Масин, која отвори многу контраверзии во јавноста. Нефрологот Елка Масин беше угледна лекарка и професорка на Медицинскиот факултет, почитувана од нејзините пациенти и студенти. Семејството вели дека ништо не укажувало дека таа би си го одземала животот и најавуваат дека истрагата нема да заврши тука.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.