НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар Василевски Нинџа се предаде пред надлежните органи

0
By Нова ТВ on June 11, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Академик.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Василевски –  Нинџа денеска утрово се предал пред надлежните органи, потврди денеска Основниот суд Скопје 1.

„Василевски денеска утрово се појави пред судијата на претходна постапка по што му беше предадено решението за притвор и беше упатен на издржување на мерката притвор во затворот во Шутка“, велат од скопскиот Кривичен суд.

Александар Василевски – Нинџа е еден од осомничените за крвавите настани во Собранието од 27 април 2017 година и се бараше со меѓународна потерница.

На крајот на март годинава се предаде и Никола Митревски – Кољо по што исто како и Василевски одма беше бил одведен во притворското одделение на Истражниот затвор во Шутка.

Василевски и Митревски се обвинети дека биле логистикчка поддршка на Горан Грујевски и Никола Бошковски во обидот за бегство на поранешните разузнавачи во Грција.

Никола Митревски Кољо освен тоа е обвинет и дека е вмешан со настаните на 27 април во Собранието. Тој е обвинет дека на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик да ја започне акцијата за упад во Собранието. Бил контактиран од човек од обезбедувањето на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со кого заедно биле во Виена, Австрија,

Претходно беше приведен и Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница. На нив им е одреден притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Според веб-страницата на МВР за потраги, сè уште недостапни за полицијата се Дејан Давидовски и Митре Питроповски исто така осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.