Партијата Единствена Македонија чиј лидер е Јанко Бачев денеска преку соопштение им се обрати на пратениците од ВМРО ДПМНЕ во кое ги потсетува дека „немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување и дека спорот за името не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на македонскиот народ“.
-Единствена Македонија располага со сознанија дека доколку било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласи на промена на Уставот и бришење на вековното македонско име, во такво случај нема да успеат да стигнат ниту до државната граница при нивниот обид за бегство од Република Македонија, се вели во партиското соопштение.
Партијата на Бачев уште исто така укажува на поткуп и купување каде како што се истакнува во соопштението „во игра биле и по 2 милиони евра по пратеник оти нема такви пари со кои може да се купи светото македонско име“.