НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Длабокоумната ајварска преродбеничка мисла

0
By Биљана Секуловска on October 6, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако дека се длабокоумни и високодострелни тезите и теориите на ајварската преродбеничка мисла- лидерите на бојкотот- дека отсекогаш биле беспредметни ставовите на одредени ѓаволски кругови во земјава од неопходноста за членство во ЕУ и НАТО на државава.

Гласот ЗА на 666.344 граѓани за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција веројатно спаѓа во тој сатански круг- на луѓе кои одбиваат да бидат изолиран, пуст остров, кој само низ сопствената духовност и мачеништво ќе може да опстане самостојно, без воопшто да посака да биде дел од некакви сојузи, организации, алијанси.

Затоа што, велат генијалните творци на оваа ајварска идеја, можеме сами да се справиме со сите предизвици и задачи кои се пред нас- реформи во сите сегменти, борба против корупцијата, криминалот, спроведување на владеењето на правото, почитување на слободите и правата, итн., итн.

Како велат тие- Нам не ни се потребни сојузништва, пријателства, партнерства, нам не ни е потребно место на масата со светските сили, ние со индигнација и гадење ги отфрламе концептите за безбедност, стабилност, заедништво, кои подразбирааат солидарност, моќ, сила.

Со исмевање и презир се слушаат и отфрлаат пораките: “Подобро е да си присутен на масата, отколку да си на менито”, затоа што македонските мислители и преродбеници од ајварска провиниенција изјавуваат дека водат херојска битка за зачувување на вековното име и идентитет, лелекајќи и тажејќи над злата проклета судбина што ги одвоила од амандманите и светите букви во Уставот, искривувајќи и извртувајќи ги фактите за Договорот со Грција, како и за уставни измени кои воопшто не се прифатени, договорени, одлучени.

Овие ајварски војсковотци мислат дека совршено го зацртаа својот план- грубо манипулирајќи со националниот сентимент на дел од граѓанството, кое слепо и апсурдно верува дека името Македонија, македонската националност и македонскиот јазик се исфрлени од Договорот и закопани длабоко во историјата, од која ги црпат фантазиите за вековните традиции на славната вечна  македонштина.

Тие не сакаа да слушнат неколку нафрлени историски факти за традициите на старите демократии, наспроти македонската, 27. годишна демократија, несозреана, премлада, прекревка:

Во Шведска институцијата Омбудсман е формирана во 1809 година, како чувар на правата на граѓаните, независна од извршната власт.

Во 1850 година во Австралија се запознаваат со тајното гласачко ливче. Во 1872 година во Велика Британија. Во 1892 година во Америка.

Во 1893 година во Нов Зеланд жените имаат право на глас.

Во 1903 во САД е основан еден од напроминентните факултети за новинарство, Колумбија. Во 1910 година се носи првиот етички кодекс на новинарите. Државните прес асоцијации датираат уште од 1850 г. Во Британија новинарите се изборуваат за правото да известуваат од Парламентот ( од Долниот дом) во 1771 г., што се нарекува херојска битка, извојувана после забраните- не да известуваат, туку да запишуваат директно белешки, со што биле принудени буквално да трчаат во редакциите, потпирајќи се на меморијата, да информираат за парламентарните дебати.

Што се случува во вечната македонска држава низ овие векови, кога светот им вели добредојде на зачетоците на парламентарната демократија, за ајварските великани не е познато.

Некои проклетнички книги пишуваат дека овој дел од светот бил дел од турската империја, овој регион бил распарчуван, делен, прецртуван и бришен на мапите, согласно воените победи и порази, а македонска држава и нација воопшто и не постоеле, не во такви рамки и дефиниции кои нам денес ни се познати. Но, ајварската интелектуална мисла од овој век смета дека се работи за лажни сведоштва, клеветнички тези и фабрикувана историја, согласно тезите за вековниот државнички капацитет и перформанси на македонската воена и интелектуална мисла, врз кои почиваат сите цивилизациски достигнувања.

Со рецептите за ајвар овие овие псевдо-интелектуалци не разбираат дека предизвикаа само домино-ефект- да се скрати патот на амнестиите за Груевски и сите груевисти,  да се пресечат малите грла на инката која му беше понудена на Мицковски, да се засилат каналите кон неутрализација на руските притисоци, да се срушат сами од себе спомениците на груевизмот.

Со нивната објава за правење ајвар на денот на Референдумот самите си испорачаа суви корења на трпезата, кои допрва ќе ги голтаат, кои допрва како диво месо ќе им застануваат во грлото, потсетувајќи ги на општествените законитости кои владеат во вакви случаи- сега ги имаа привилегиите за размачкување ајвар на туѓиот сув леб, но тие привилегии подоцна носат одговорност. Тоа е обврската за влез во казанот заедно со изглоданите коски кои претходно сте им ги понудиле на истиот тој народ, во вид на лаги, манипулации и фабрикувана историја- за да ги искористите испуканите раце и зацрвенетите образи на луѓето кои од ајварот подалеку не можат ни да помислат, ни да пробаат, затоа што наместо бидат дел од масата и сами да ја бираат трпезата, ајварските лидери ги понудиле да бидат дел од менито.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.