НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манијакалната опсесија на јавноста со Шилегов

0
By Биљана Секуловска on November 3, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е докрај јасно што се случувало на забавата замислена како отчет на градоначалникот на Скопје, Шилегов. Ниту пак може да се сфати сосема кој што сè  зборувал, кој што се правел и зошто тоа го правел.

Но, се разбира дека олеснувачки делуваат сликите, расположените лица, озарените погледи, од кои некои наликуваат на воодушевени крици, некои дури се однесуваат како ликот на Ханиф Курејши со позајмено тело и неприродно мавтаат со главите како да не знаат која позиција да ја заземат- дали како новинари или како случајно насадени граѓани баш во овој совршен град во своите несовршености, ах, читаме критики на егзистенцијални дилеми преземени од шестопарачка поезија.

За подоцна, некои текстови да изгледаат на ранети или добро нахранети ѕверови- кај некои се чита егзалтација, кај други резигнација,  трети инсистираат на разочараност.

А сè затоа што Шилегов се шегувал на своја сметка, наместо да ги сфати сериозните проблеми, дилеми, како што му прилега на еден сериозен политичар, кој го наследил Коце Трајановски, еден од татковците на културниот, а и по некој друг геноцид на оваа земја.

На сите овие евтини и петпарачки критики, Шилегов го има вистинскиот одговор: и јас живеам тука, и јас го дишам истиот воздух како и вие.

Ако малку подлабински го расчлените ова резонирање, ако ја наведнете главата во вистинскиот правец и го насочите прстот на онаа точка на челото, ќе сфатите што точно сакал да каже и зошто тоа го прави, без најава, ненадејно. Како во сон да дошла таа мисла, прелетала, слетала и одлетала, за да одекне и да го распара воздухот, кој со нас го дише чесно, гордо, непобедиво.

Немојте да прашувате што е пораката на нашиов градоначалник, нема веројатно да се бараат филозофски заднини и длабокоумни анализи, ве молам. Едноставно е, Шилегов е со нас, тука, жив, и покрај воздухот, од кој, според трагичната статистика на научната мисла, умирале луѓе.

Веројатно една од нив ќе бидам и јас, но не би ситничарела сепак, науката не се потрудила досега да ми издаде гаранции дека постои некаква шанса дека ќе бидам бесмртна.

Што мене ќе ми смени точно од што ќе настапи мојата смрт? Зошто Шилегов би бил виновен за моето неминовно распаѓање од воздухов, дали има некој да ми објасни од велелепните критичари на градоначалникот?

Во време на Груевски се боревме бескомпромисно затоа што немаше демократија, воздухот го голтавме со сласт, не пушевме цигари, затоа што дробовите ни ги распаруваше деспотскиот режим.

Го чекавме секој ден со возбуда, за да дојде 6 часот и да експлодираме гневни пред седиштето на СЈО и му бевме благодарни на воздухот што еднакво беше со мирис и вкус на цијанид, но ни даваше сила и моќ да победиме.

Сега одеднаш ќе умираме, затоа што Шилегов не ни овозможил квалитетен воздух?

Ви се молам, станете сериозни, ја имате ли на ум честа да се дише ист воздух со високиот функционер, кој јавно признава дека тоа го прави секојдневно, континуирано, со мали паузи како и сите ние, конечно. И тоа го прави сигурно за нас, иако не признава, иако е скромен, но никој на тоа не помислува заради чиста себичност и непостоење на визионерски капацитети.

Помислувате ли некогаш на неговите жртви, што морал да остане и со нас, со вакви никакви незадоволници, наместо да замине, да исчезне на подобро место за живеење, каде воздухот е за нијанса посвеж, каде граѓаните многу повеќе се благодарни што се согласил некој воопшто да ги води по непознатите, трнливи патишта на власта?

Шилегов е со нас и покрај кучињата кои напаѓаат луѓе, случајни минувачи низ Центарот и насекаде каде што имаат можност да се движат.

Градоначалникот досега ниту едно куче не го искасало, што остава простор за сомнеж- какви се тие луѓе што ги напаѓаат кучињата? На тоа не сте помислиле, секако не, затоа што Шилегов ви е  единствената манијакална опсесија, наспроти илјадниците некадарници и натрапници во оваа земја.

Како е конечно можно Шилегов да го дише истиот воздух со сите нас и воедно да не биде каснат барем од едно куче, иако глутницата навестува богата гозба на најмалку десетина мили кученца и исто толку жртви на граѓани, кои интересно, значи крајно сомнително, баш нив морало да им откинат витални делови од телото.

Не ги критикувајте политичарите, многупати апелирав на оваа тема, но тоа беше мојата најголема грешка.

Шилегов е еден од ретките, ако не и единствен, кој ужива во критиките и со нив се забавува, водејќи не низ лавиринтите на неговата несекојдневно тешка и напорна задача- да биде татко на луѓе во еден град, кои очекуваат дека може да проживеат барем ден-два повеќе, ако не голтаат отрови и се смират за миг од тензичните политички премрежја на ѓубрето кое ги затрупува уште од владеењето на ВМРО.

Јас го  чекам задоволно моето заминување од овоземниот живот- во монашки мир, затоа што точно знам дека Шилегов колку и да се труди, нема да може да ме спаси. Еден ден тоа ќе се случи, ќе мора да се збогуваме, а во меѓувреме, забавата ќе ни биде се што останало од нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.