НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Македонија и треба политичка волја во борбата за чист воздух

0
By Светлана Јовановска on December 1, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговорите за членство со ЕУ во Македонија ќе отворат редица проблеми кои во текот на долги години биле ставани под тепих а најдобар пример за тоа е аерозагадувањето, вели за НОВА Стефан Бужаровски од Универзитетот на Манчестер и преседател на управниот одбор на Центарот за истражување и информирање Еко-Свест.

Бужаровски на презентацијата во Европскиот парламент

Со Бужаровски се сретнавме во Европскиот парламент во Брисел каде тој го презентираше истражувачкиот проект “Енергетска ранливост и урбани трансформации во Европа” (EVALUATE). Како резултат на овој проект е формирана Опсерваторија за енергетска сиромаштија која станува дел од европското законодавство а на нејзино чело е Бужаровски.

– Следењето на сиромаштијата во енергетиката и одржливиот развој ќе станат обврска на сите влади во Европа. Но и на Македонија кога таа ќе почне преговори за членство, вели Бужаровски.

Темата на аерозагадување во Македонија се наметна како главна точка во разговорот. Според Бужаровски “најголемиот проблем кај нас е ниската енергетска ефикасност”:

– Решавањето на овој проблем бара системски решенија, организиран напор на државата и инвестиции и поддршка на домаќинствата на инвестираат во тоа, вели тој и подвлекува дека “проблемот на Македонија не се парите туку немање на организационе капацитет и политичка волја”.

– Голем дел од аерозагадувањето е во директна врска со енергетската сиромаштија. Не сакам да влегувам во дебатата дека домаќинствата се винови за аерозагадувањето. Но, од моментот кога ќе мораме да ги отвориме тие законски решенија (со преговорите со ЕУ), Македонија ќе мора да направи суштински промени во оваа област. Најголемиот проблем кај нас е ниската енергетска ефикасност. Решавањето на овој проблем бара системски решенија и организиран напор на државата и инвестиции и поддршка на домаќинствата на инвестираат во тоа. И масивна промена во станбениот фонд. И тоа ќе реши многу проблеми како социјалната нееднаквост, проблеми околу загадувањето и пошироките прашања на користење на енергија, вели Бужаровски.

Поимот на енергетска ефикасност во Македонија често се споменува во политичките говори но во праксата малкумина знаат за што точно станува збор.

– Секој што дома сменил прозорци и ставил добра изолација добро знае што е енергетската ефикасност. Тоа во Македонија се прави стихијно а тој план може многу да се направи. Има позитивни проблеми во Полска или Чешка и тие примери треба да се следат. Состојбата на станбениот фонд е лоша во Македонија и нема системска поддршка за подобрување на ефикасноста. Има на пример програми за пелети или дрва но тоа е уште еден вид загадување а социјалната помош е само интервентна мерка, вели тој.

На прашањето дали Македонија има доволно пари за вакви инвестиции, Бужаровски е одлучен дека проблемот не е во парите и убеден дека, за оваа намена, пари од европските фондови има и тие се достапни и за нашата земја:

– Убеден сум и Македонија може да има лесен пристап до овие фондови доколку се организира малку повеќе. Проблемот на Македонија не се парите туку недостиг на организационен капацитет и политичка волја. Тие две прашања треба да се решат и финансии од европски фондови ќе има, тврди Бужаровски.

За него во Македонија фосилната енергија нема иднина,

– Треба да заборавиме дека јагленот во Македонија ќе биде било каков фактор во период по наредните 10 години. Јагленот излегува од употреба и доаѓаат за него нови даноци. Што се однесува до гасот како замена, треба да се знае дека тоа е транзициско решение до тотална обновливост на енергетскиот сектор. Треба исто така да се разбере дека енергетскиот сектор не е само чисто национален и затворен, туку е дел од европскиот систем во кој енергијата ќе тече и надвор од границите, вели Бужаровски.

И потсетува дека во 21 век треба да се излезе од старите и закоравени ставови и решенија.

Проектот EVALUATE започна во 2013 година и заврши во март годинава. Се работеше со теренски истражувања во повеќе европски градови, меѓу кои и Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.