НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аплауз за министерот за култура

0
By Биљана Секуловска on December 8, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали е мртов? Да. Вака завршува еден документарец што го гледав деновиве, посветен на нобеловецот Албер Ками, со учество на врвни писатели, уредници, новинари, уметници, интелектуалци, најмногу негови современици.

Но, прашањето- дали е мртов, е поставено само во контекст на физичката смрт на Ками, за да се заврши само филмот, се друго да продолжи, и онака славењето на Ками и се подразбира во земја како Франција, или дополнително Алжир ако сакате, иако ограничувањата се погубни, затоа што тој не им припаѓа само нив.

Деновиве само благодарејќи на двајца врвни интелектуалци, Ѓулнихал Исмаил  (преведувачка и толкувачка од англиски, германски и турски) и проф.Људмил Спасов, се сетивме дека поминале 25 години од смртта на човекот од кого научивме дека јазикот е нашата татковина, Блаже Конески. Името на Конески беше одбележано само со еден перформанс, режиран од проф. Кренаре Невзати-Кери, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, што секако дека не е доволно.

Дали е мртов? Секако не, секако не за нас, но очигледно да- за оние кои ги водат институциите, кои биле номинирани, кои добиле привилегија да се грижат да ги заобиколи смртта сите оние кои не задолжиле- Блаже Конески, претходно беше Горан Стефановски, последна беше Љупка Џундева.

Но, сепак. Блаже Конески ја немаше партиската книшка од оваа Влада на Заев. Не го ни знаел името на сегашниот министер за култура. Не го знаел вистинскиот пат за бесмртност во партиските лавиринти. За среќа, ништо од тоа не знаел и какво олеснување за оваа земја, ништо од тоа и не би го и интересирало.

Тој не знаел дека политичарите кои сега удобно се сместија во фотелјите мислат дека светот започнува и завршува со нивното овоземско присуство, убедени дека се поблиску до прогласување на светци од кого и да е, од кога и да е.

Неговите драги колеги, академици, кои исто требаа да иницираат, организираат, прогласат- месец на Блаже Конески- затоа што тоа е нивна обврска пред се, кога не сметаат дека би требало да им нивна привилегија и чест. Што го знаеле, што работеле со него, што слушнале за неговото име, што ја создал таа институција МАНУ, што се родиле во негово време, што времето за славење на Конески е бесконечност.

Деновиве слушнав и вест која ме изненади, дека професорот и режисер Владимир Милчин ја добил државната награда, “Св.Климент Охридски”. Секогаш се изненадувам кога во оваа земја вистинските луѓе ги добиваат заслугите, макар со едно парче хартија и благодарност дека се наши современици. Нека биде еден ден само тоа во тој живот, но сепак се случува тоа чудо, особено во ваквиот живот, во ваква земја, во која малкумина сепак се случува да добијат животни професионални почести, во земја во која малкумина имаат презир за некои други, партиски одликувања, кои ѕвецкаат на градите на некои други чии имиња се забораваат со партиските промени, затоа и што не биле имиња, тие војници од штабот на власта, која и да е, чија и да е. Критичноста на Милчин кон власта на Груевски продолжи со критичност кон Заевата Влада, затоа што продолжија партиските книшки да се тетовираат на тромавите гради и затоа што тие останаа главните квалификации да се добиваат државни функции, како најбрз начин едно општество да се прогласи за покосено од сигурна смрт. Пред само толку малку време, Милчин, затоа што беше име,  беше гонет, прогонуван, изгнаник, под опсада, под теророт на Груевски и неговите војници во земја која стана Потемкиново село.

Историјата покажува дека секогаш се случува да има момент на пресврт и на нејзино вистинско застанување- да се здивне, да се замисли за миг, да се почне од почеток, да се објави кои се вистинските луѓе кои ја создаваат таа историја на вистинскиот начин.  Таков е случајот и со писателот и активист, Мето Јовановски, чие име ќе ја носи Наградата за човекови права.

На Блаже Конески сигурно дека би му било сеедно- дали се слави или се заборава тој ден кога умрел, кога историјата е веќе создадена од него. Ние при секој слог, секоја буква, секое, и најмало зборче го споменуваме името на Конески и тоа никогаш нема да ни биде доволно, тоа за ниту една земја е секогаш само почетокот на нејзино ново раѓање, кога таткото на јазикот и го покажал патот.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.