НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќна Нова, Мериот!

0
By Биљана Секуловска on December 29, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да расчистиме нешто на почетокот, пред да прејдеме на главната главоболка. Правната држава уште еднаш победи.

Најпрвин, најважно, во случајот со домашниот притвор на Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Подоцна, и во домашиот притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски  исто така. И кој сè не друг.

И Цветан Панделески, или како веќе се вика, и што е тоа сега важно. Нека биде и тој дел од шоуто.

И амнестијата на Крсто Мукоски, на Елизабета Канчевска. И на кој сè не. Сите се еднакво важни за оваа приказна. Која имаше прекрасен почеток, се додека не дојде навестувањето за расплет. Амнестии, добродетелства, дајте повеќе, дајте им на сите.

Само таква правна држава за која говориме сега може да не доведе и да не одведе најпрвин, во НАТО, а подоцна во ЕУ. Правдата во овој случај не беше слепа. Точно знаеше што прави. Слепи бевме ние, што ништо не видовме од самиот почеток.

Се подигнаа рацете за да се гласа за подобра иднина, а таа, дами и господа, мора да има жртви. Не Мијалков, не Камчев, не останатите под истрага, обвинети, во ќелии.

За таква правда, која само навидум изгледа како неправда, гинат народи, тие мора да се жртвата. Ако треба и се егзекутираат, не во физичка смисла, се разбира. Има поусовршени операции- им се прави лоботомија. Им се отстранува еден дел од мозокот, оној кој очекува некаква правдина, но не космичка, не судбинска, не од Бога дадена.

Таквите народи, оние кои марширале, оние кои протестирале, со месеци, година, две, се нарекувале Шарена револуција, имале некакви идеали, верба, надеж, сон. Претходно очајувале цела деценија, или го кревале гласот и покрај тоа што биле казнувани, таквите народи не смеат да памтат. Ниту да знаат, ниту да судат, ниту да го распарчат гласот кога ги боли таквата правда.

Сè е тоа патетична музика за оние кои слушаат поинакви ноти. Во име на повисоките цели, поголемата слика, иднината која претстои- да се изгласаат уставни промени, да следуваат членства, НАТО, преговори, ЕУ, се во еден фин, педантен, филигрански ред.

Само неразумни народи, луѓе, битија, не се свесни дека жртвата се принесува кога е најкревка. И несвесна дека таа е жртва.

Денес им честитаме на сите што ни покажаа како изгледа правдата. Да се надеваме дека Заев знае што прави, затоа што овој момент не изгледа за никого добро. Она што е сигурно е дека приказната тука не завршува, затоа што ова е далеку од крај.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.