НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбата на Заев допрва почнува

0
By Биљана Секуловска on January 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Честитките упатени кон Заев за почеток на нова, голема иднина по Преспанскиот договор, мора да му станат и аларм за почеток на ставање и на еден друг крај, освен на оној некрофилски акроним од ФИРОМ. Мора да се објави и крај на груевизмот во оваа земја.

Претпоставувам дека и самиот знае, без да му се кажува секојдневно- груевизмот е длабоко всаден во секого тука, цврсто заплеткан во секоја пора- некого впила, некој не ја поднесува таа реа.

Сечиј врат е стегнат и задушен, некој се прпелка, други не знаат поинаку и не сакаат.

Се е затоа што нечија рака граба кон тие плодови кои се вкоренија во корумпираните умови, кои не видоа ниту злосторства, ниту казна за своите дела.

Нека го погледне расадникот на расцветаните партиски кадри околу себе, нивното манифестирање на моќ, која не се разликува од годините претходно, само уште повеќе се зацврстува.

Нека се распраша за градењето на нови царства, нови тендери, нови злупотреби, нови грабања, нови непотизми, нови деца за партиски вработувања, се се тоа нови порази кои не можат да ги примат повеќе рамениците на оние кои се надеваа на подобро, на правда, на некаков мир конечно.

Нека се сети на најважното, на она за што со векови се трошеле тони, купишта хартија, се произведувале затоа и темни мастила, се гланцале острите пера, се пушувале важни книги, се зарипнувало по големите говори, за тоа колку моралот е важен кај политичарите, кај  сите оние кои добиле функции во државата. Кај оние кои избрани, кои се претставници, кои се тука само за да ги бранат интересите на оние кои им дале доверба, глас, право да зборуваат во нивно име.  Сопствените интереси, оние на тие функционери се најмалку важни, тие воопшто и не се важни, за нив не смее ни да се помислува, ниту тие да се посакуваат.

Како пишуваше Макс Вебер: “Има два смртни гревови во полето на политиката- непрофесионалноста и неодговорноста. Губењето на смисол за објективност му сугерира, наместо кон вистинската моќ, да тежи кон блескавиот привид на моќта, а неговата неодговорност го води кон тоа да ужива во моќта, заради самата неа, без содржинска цел. Политичарот кој тежи исклучиво кон моќ, а него се обидува да го прикаже во лажно светло култот кој и кај нас ревносно се практикува- можеби силно делува, но неговото дејство оди во правец на празнина и бесмисла. ”

Тие денови на празнина и бесмисла, остатоци од груевизмот, кои се закоравија и тука, треба да бидат последните, на смртна постела, која самиот Заев треба да ја испорача, но не само тој, тоа треба да го сториме сите ние заедно. Само така може да ги прими честитките после Преспанскиот договор, никако поинаку.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.