Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народниот правобранител отвора постапка за инцидентот во затворот во Шутка

0
By Нова ТВ on February 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2019 13:24

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со информациите од медиумите, како и јавувања од роднини на притворени лица, дека во притворското одделение на Затвор „Скопје“-Скопје, се случило инцидент, при што поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се здобиле со повреди.

-Екипи на Народниот правобранител се во Затворот „Скопје“, и темелно ќе го истражат целиот случај, ќе се обезбеди целосната документација, ќе се разговара со лицата кои учествувале во инцидентот, со очевидци на настанот, службени лица, ќе се изврши увид на местото на настанот, а ќе се обезбедат и видео снимки од камерите за надзор. Исто така, согласно член 24 став 1 алинеја 3 од Законот за народниот правобранител, ќе бидат повикани на разговор директорот на Управата за извршување на санкциите, директорот на Затворот „Скопје“, и сите други службени лица кои можат да дадат определени податоци во постапката, со цел објективно утврдување на состојбата во врска со овој настан, по што Народниот правобранител ќе ја информира јавноста за утврдената состојба, се вели во соопштението.

Во меѓувреме Народниот правобранител потсетува дека ваквите настани, ги потврдуваат неговите повеќегодишни и континуирани укажувања за сериозноста на проблемите со затворскиот систем од секаков аспект: материјално, кадровски, безбедносен, здравствен, образовен и сл.

Според Народниот правобранител, тоа што се случува во казнено- поправните установи е резултат на поставувањето на нестручни и партиски кадри на раководни позиции во овие установи, што создава длабоки поделби од различен аспект: национален, верски, партиски, а како последица на ова е лошиот безбедносен систем не само за осудените и притворени лица туку и општеството во целина.

-Затворскиот систем во моментот е место во кој пресметките помеѓу осудените, како и притворените лица се чести, а причините се различни, но општо познати: од „посредување“ за добивање погодност, набавка на телефон, преку обезбедување кревет, давање на други услуги – и сето тоа за определена парична надокнада, во што се инволвирани и вработените во затворите. За сето ова, како и за нефункционалната ресоцијализација која наместо да превоспитува, регрутира лица со девијантно однесување ја алармиравме јавноста и побаравме од менаџментот на затворите и Управата за извршување на санкциите сериозно да ги испитаат ваквите сознанија и изјави од осудените лица, но до денес нема реакција, велат од Народниот правобранител.

Народниот правобранител апелира до раководството на казнено поправните установи, Управата за извршување на санкциите, како и Министерството за правда сериозно да се нафатат со подобрување на затворскиот систем во целина, а притоа, особено да се има предвид сериозноста на ситуацијата, преку преземање мерки за обезбедување на физичкиот интегритет на лицата, мониторирање, превенирање и спречување на физичко и друг вид насилство кое може да го загрози здравјето и животот на лицето додека ја издржува мерката притвор или казната затвор. Оттука, Народниот правобранител очекува надлежните органи да ги преземат сите мерки за расчистување на овој настан и да утврдат дали од страна на припадниците на затворската полиција или другите служби соодветно се реагирало и следствено да се санкционираат лицата, кои иако имаа обврска да превенираат и спречат насилство, дозволиле тоа да се случи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.