НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Сите предмети кои ги започна СЈО, а за кои има докази ќе продолжат

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат од точката во која се застанати во моментов“ рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со новото законско решение за СЈО всушност го спасува неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави тие постојат, не може некој да ги уништи, да ги сокрие, соодветно се распределуваат во државното обвинителство, понатаму во новото СЈО за висока корупција, во обвинителството за организиран криминал, во скопското или во некое од внатрешноста. Предметите соодветно се распределуваат затоа што докази постојат“  кажа Заев.

Премиерот наведе  дека со новото законско решение во ниту еден момент не се гледала можност некој да се спаси или да се оцрни и изрази верување дека ќе се обезбеди консензус за законското решение за јавното обвинителството, каде е вклучен и статусот на СЈО.

Премиерот повтори дека во новиот закон прислушуваните разговори ќе се користат за случаите до 30 јуни 2017 година, односни за 18-те предмети, кои се поднесени до судовите.

„Законот предвидува дека разговорите по тој датум нема да се користат, ама процесите ќе продолжат. Тоа е дел од договорот од Пржино, тие 18 месеци“ рече Заев.

Предлог-законот засега има подрршка од владејачкото мнозинство, односно од 68 пратеници, се уште го нема потребното двотретинско мнозинство, но тој очекува дека ќе бидат обезбедите 80 пратенички гласови.

На барање на ВМРО ДПМНЕ, најверојатно во недела ќе се одржи лидерската средба меѓу Мицкоски и Заев за новиот Закон за Јавно обвинителство.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.